Свет
(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите од Балтимор.
A woman is carted away from the NW Baltimore explosion scene. Neighbors applauded. pic.twitter.com/88ib0JqMJJ
— Paul Gessler (@PaulGessler) August 10, 2020
„Една жена почина. Експлодираа неколку куќи. Најмалку пет лица се заробени под урнатините, вклучително и деца“, соопштија пожарникарите од Балтимор на Твитер, додавајќи дека три лица се во критична состојба.
ATF Baltimore Special Agents and Explosives Enforcement Officer are responding to assist our @BaltimoreFire partners at the scene of an explosion at Labyrinth and Reisterstown Roads involving 3 homes. Follow @BaltimoreFire for updates on this incident. pic.twitter.com/kyIsEAGHSI
— ATF Baltimore (@ATFBaltimore) August 10, 2020
Еден сосед изјавил дека плачот на заробените деца може да се слушне на местото на експлозијата.Брза помош и пожарникари се на местото на експлозијата.Според првите информации, станува збор за експлозија на гас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Полска купува 2.500 ракети од САД

Соединетите Американски Држави ја одобрија продажбата на 2.506 противоклопни ракети FGM-148F „Џавелин“ и 253 лесни командно-лансирни уреди (LWCLU) на Полска, во вредност од околу 780 милиони долари. Пакетот опфаќа и обука, логистичка поддршка, резервни делови и техничка асистенција.
„Џавелин“ е пренослив систем, дизајниран за уништување на тенкови и лесно оклопни возила. Оружјето стана симбол на украинската одбрана во првите месеци од руската инвазија во 2022 година.
Одлуката доаѓа по неодамнешниот упад на околу 20 руски дронови во полскиот воздушен простор, кога полските и сојузничките авиони соборија дел од нив – настан означен како прв преседан од ваков тип во НАТО земја.
Полска и Украина најавија заеднички програми за обука во противдронска одбрана, додека паралелно европските држави ги зголемуваат воените набавки, а новата трансатлантска шема PURL обезбедува дополнителна воена помош за Киев.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување на беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција, повеќе од една недела откако Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува огранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на Икс.
Минатата недела, Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата, додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Бомба од Втората светска војна пронајдена во река во Берлин, илјадници евакуирани

Илјадници луѓе во центарот на Берлин беа принудени да ги напуштат своите домови синоќа откако во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна.
Полицијата постави безбедносен периметар од 500 метри во густо населен дел од градот и одеше од врата до врата за да ги предупреди жителите да се евакуираат.
Локалниот весник „Тагешпигел“ објави дека пред засолништето на градското собрание во берлинскиот кварт Мите, каде што стотици луѓе се регистрирале за да преноќат, се формирале долги редици. Поради големиот број евакуирани, второ засолниште било отворено во блиското училиште кратко по полноќ.
Истиот кварт е дом и на бројни амбасади и градски владини канцеларии.
Alle Personen sind aufgefordert den Sperrkreis umgehend zu verlassen. Bitte rechnen Sie damit, dass die Sperrmaßnahmen die Nacht andauern werden. Erst nach der vollständigen Evakuierung wird unsere #Kriminaltechnik die #Weltkriegsbombe begutachten und dann entscheiden ob und wann… pic.twitter.com/oPFmv3mX8z
— Polizei Berlin (@polizeiberlin) September 18, 2025
Властите соопштија дека бомбата била откриена за време на градежни работи во близина на Фишеринсел во центарот на градот. Проверките за неексплодирани убојни средства рутински се вршат во германските градови пред големи градежни проекти.
Полицијата соопшти дека бомбата ќе биде деактивирана денеска рано наутро. Потоа нуркачите ќе се обидат да се приближат за да ја прегледаат. Таа е под четири метри вода и покриена со тиња, што ја отежнува операцијата уште повеќе.
Жителите треба да се вратат во своите домови исто така денеска наутро.
Дотогаш, целиот речен сообраќај на Шпре е запрен, бројни улици во центарот на Берлин се затворени, а линијата U2 на метрото е запрена.
Ова е една од најголемите евакуации поради неексплодирани убојни средства во Берлин во последните години, објавува „Дојче Веле“.
фото: принтскрин