Забава
Конери ги победи Крег и Броснан како најдобар Џејмс Бонд
Харизматичниот Шон Конери е изгласан за најдобриот Џејмс Бонд досега оставајќи ги зад себе петте други актери што се справуваа со улогата на најголемиот агент во светот со дозвола за убиства.
Фановите на иконскиот серијал гласаа за својата омилена верзија на британскиот таен агент 007. Над 14.000 фанови се изјаснија кому најдобро му прилега црниот смокинг додека пие мартини, па дури и познатата фраза со која го нарачува својот пијалок: А martini. Shaken, not stirred (протресен, неизмешан).
Според анкетата на „Радио тајмс“ (RadioTimes.com.), Конери се искачи на врвот со неверојатни 56 проценти од гласовите во првиот круг. Шкотскиот актер (89) беше првиот Бонд, а своето деби го направи во „Доктор Но“ во 1962 година кога 007 беше испратен во Јамајка да го испита исчезнувањето на својот колега. Овој филм беше голем хит на киноблагајните, кој го постави камен-темелникот за најуспешниот серијал во историјата.
Авторот Јан Флеминг – човекот што го создаде ликот Бонд во своите романи – првично не бил заинтересиран за Конери и во потесен избор влегле неколку други актери, меѓу кои и Кери Грант.
Но, јасно, Конери со својот раскошен шарм и лежерна софистицираност бил вистинскиот избор.
Тој беше 007 во седум филма: „Доктор Но“, „Се живее само два пати“, „Од Русија со љубов“, „Тандербол“, „Дијамантите се вечни“, „Голдфингер“ и „Никогаш не вели никогаш“.
Во првиот круг гласање Конери го победи Даниел Крег, кој не е само актуелен Бонд, туку и најдолго го игра легендарниот лик. Крег (52) го почна мандатот како Бонд во „Казино Ројал“ во 2006 година.
Резултатите од првиот круг ги оставија Конери, Далтон и Броснан да се натпреваруваат во последниот круг, при што првиот Бонд ја освои победата со 44 проценти, а другите двајца добија 32 % и 23 % од гласовите.
Третиот круг донесе мало изненадување, со тоа што починатиот сер Роџер Мур не влезе во финишот на натпреварот за разлика од неговиот наследник Тимоти Далтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.
Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со нивниот татко.
Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени дека можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.
„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за Дејлимејл.
Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на нивните внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.
„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.
Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со нивните внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина Unbroken. Во тоа време, родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние сме многу горди на Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај”.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија „Добро утро, Америко“. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниедно од моите деца не сака да биде пред камера во моментот. Тие се прилично повлечени. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе може да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.
Забава
„Се чувствуваше искористено“: поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џеј Ло
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се разведоа по две години брак, а во тешките моменти актерот имаше голема поддршка од својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Пред самиот развод Гарнер наводно ја презела улогата на некој вид брачен советник помагајќи му не само на Афлек туку и на Лопез да ги надминат своите проблеми.
Сепак, Гарнер одлучи да ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез исклучиво на ситуации поврзани со нивните деца. Блиски извори тврдат дека за време на процесот на развод се чувствувала искористено и како да е посредник во туѓ брак, што емоционално ја исцрпувало.
Затоа решила да се дистанцира од Лопез и да се фокусира на семејството, пишува „Дејли мејл“.
„Џенифер повеќе не сака да комуницира со Џеј Ло, освен ако не се вклучени децата. Пријателите сметаат дека таа си дозволила премногу да се вклучи во обидот да го спаси нивниот брак, особено затоа што понекогаш се чувствувала како да се натпреварува со Џеј Ло. Гарнер искрено сакаше да помогне, но сега сака да ја ограничи таа улога“, открил извор за „Дејли мејл“.
И покрај дистанцата, Гарнер не кажа ништо негативно за Лопез. Изворите велат дека ако Лопез сака да поминува време со децата на Афлек и Гарнер, со кои е блиска, мора да се справи со Гарнер.