Македонија
Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати
Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување на бројот на оздравени лица според податоците во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 3 до 9 август 2020 година.
ИЈЗ известува дека во овој период се направени вкупно 9.543 тестирања (1,8 % помалку од периодот 27 јули – 2 август) и регистрирани се 816 позитивни случаи на Ковид-19, што претставува намалување од 10,5 % во споредба со претходната недела.
Во периодот на известување повторно намалување има и во процентот на позитивни од тестираните случаи, кој изнесува 8,6 %, во споредба со последните две недели кога 9,4 %, односно 10 % од тестираните беа позитивни. Новозаболени се регистрирани во 26 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (31,4 %), во Штип (11,3 %) и во Гостивар (10,4 %). Во 16 града во земјата за истиот период бројот на новопотврдени случаи е под 20.
Во однос на старосната структура на новозаболените, и во овој период најголем процент се лица над 60 години – 25,9 %, а поголем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години – 18,4 %. Во возрасната група 40-49 години се 17,9 % од новозаболените, а во групата 50-59 години – 17,2 %. Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години – 1,6 % и од 10 до 19 години – 4,0 %. Од случаите што епидемиолошки се истражени, хоспитализирани се 78 лица или 13,6 % од новозаболените, а кај 196 лица или 34,3 % е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени во овој период, 34,8 % имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 8 лица (13 помалку од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.
Во периодот од 3 до 9 август регистрирани се 1.038 оздравени лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е благо зголемување во споредба со претходниот период. Во периодот од 3 до 9 август регистрирани се 25 смртни случаи, што е намалување од 13,8 % во однос на минатата недела кога исто беше забелжано намалување на бројот на смртни случаи. Повеќето од случаите се лица над 60 години – 56,0 %. Во болнички услови се починати 21 од случаите, а четири вонболнички. Кај 19 од смртните случаи (76,0 %) регистрирани се претходни коморбидитети.
Детаљните извештаи на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 во Република Северна Македонија – од 3 до 9.8.2020, како и кумулативна состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши дневни притисоци врз работниците
Власта на Христијан Мицкоски продолжи каде што застана Груевски, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на работилница на Форумот на жени на СДСМ.
-Нашите граѓани секој ден по различни фокус групи сфаќаат што губат со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како кога на власт ќе дојде еден авторитарен режим кој што не се грижи за ништо друго, освен за своите сопствени, тесни, теснопартиски интереси, се друго паѓа во втор план. Како беа гласни работниците за своите права, за своите плати, а каков притисок сега им прават на дневно ниво, на дневна основа. Што прават докторите сега? Ние во првите години за 40% платите им ги покачивме. Сега тоа го нема, молчат. Што прават наставниците? Се плашат. Веќе и малите деца го знаат, ова е една ненародна власт. Нема друга дефиниција. Продолжија таму кај што се застана на ниво на Груевски. Ништо друго., рече Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека единствена алтернатива која може да и се спротивстави на оваа ненародна власт е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Македонија
Левица: Потребни се субвенционирани квалитетни контрацептивни средства за жртвите на семејно насилство
Антифашистичкиот фронт на жените при Левица (АФЖ) сподели сведоштво од жена која, поради семејно и сексуално насилство, била принудена да користи евтина контрацептивна спирала, што довело до сериозни здравствени компликации и итна операција. Таа порачува дека многу жени-жртви немаат финансиски можности за поквалитетни медицински средства и апелира државата да ги субвенционира.
Жртвата нагласува дека поддршка добила главно од организации и од АФЖ – Левица, како и од пратеничката Јована Мојсоска, но не и од институциите.
Од АФЖ велат дека целосно застануваат зад иницијативата државата да обезбеди пристап до безбедни и квалитетни контрацептивни средства за жените-жртви, како дел од пошироката борба за нивните права.
Кампањата на АФЖ за 16-те дена активизам се одвива под слоганот: „Не трпи! Не молчи! Едуцирај се, охрабри се! Делувај!“
Организацијата вели дека работи на подигање на свеста, споделување сведоштва и онлајн едукација поврзана со Истанбулската конвенција.
АФЖ потсетува дека насилството врз жените во земјава расте и дека е неопходна институционална реакција. Од таму упатуваат апел: „Стоп за насилството!“
Македонија
Филипче: СДСМ напорно работеше за потребите на жените, со оваа власт сè паѓа во вода
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на работилница организирана од Форумот на жени на СДСМ во рамките на кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата“-„Гласни за живот без страв“, истакна дека СДСМ е партијата која системски ја постави борбата против родово базираното насилство како државен приоритет. Тој нагласи дека преку воспоставување закони, институционални реформи и услуги за заштита на жените и девојките, СДСМ создаде основи за долгорочни и одржливи политики за заштита на жените од насилство.
„Тоа што се направи во изминатиот период треба да продолжиме да го промовираме и преку сите инструменти кои што ни се на располагање, тој систем да го надградуваме. Ние сме и потписници на Истанбулската Конвенција, која е важен меѓународен документ за спречување и заштита од насилство врз жените“, рече Филипче.
Говорејќи за превенцијата како клучна во борбата против насилство врз жените, Филипче истакна дека животот на секоја жена мора да биде заштитен, а институциите да функционираат за граѓаните. Тој потсети на бројните мерки преземени во системот за заштита во периодот на владата на СДСМ, за разлика од сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

„Отворивме многу центри за рана детекција. Имаше центри за детекција во кои што мулти-дисциплинарно работеа социјален работник, психолог, гинеколог. Меѓутоа гледаме како е кога на власт ќе дојде еден авторитарен режим кој што не се грижи за ништо друго, освен за своите сопствени, тесни, теснопартиски интереси, а се друго паѓа во втор план“, рече Филипче.
Во своето обраќање Филипче потсети дека СДСМ е партијата што прва воведе квоти и мерки за вистинска застапеност на жените, обезбедувајќи простор за женско лидерство на сите нивоа.

„Напорно работевме да го промовираме женското лидерство и во тоа успеавме. Донесовме листи во кои што точно се знаеше колкав ќе биде процентот на жени, колкав ќе биде процентот на млади“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

