Свет
„Тајмс“: Франција запира само 20 отсто од илегалните мигранти со чамци
Франција има запрено само еден од пет нелегални мигранти што се обидуваат да ги напуштат нејзините брегови и да се упатат кон Велика Британија.
„Тајмс“ ја процени бројката заснована на 4.100 нелегални премини оваа година и на потврдата од британскиот министер за имиграција, Крис Филп, дека Французите запреле уште 1.000 други мигранти да стигнат до Британија.
Како и да е, бидејќи се базира на познатите пристигнувања во Велика Британија – безброј други, веројатно, пристигнуваат без да бидат откриени – вистинскиот дел од запрените мигранти би можел да биде многу помал.
Бројките се алармантен потсетник за Французите што не успеаја да го контролираат својот мигрантски проблем. Податоците од минатата недела исто така откриваат дека британската влада вратила само еден од 40 мигранти во ЕУ. Ниту еден од речиси 3.000 мигранти што пристигнале од мај не е вратен назад.
Критиката за справувањето на Франција со мигрантската криза во Ла Манш ескалира бидејќи се зголеми бројот на илегални упади, при што минатиот четврток беа забележани рекордни 235 пристигнувања за еден ден. Пристигнувањата се зголемија на такво ниво што во текот на викендот Министерството за внатрешни работи беше принудено да побара помош од војската.
Франција наводно бара уште 30 милиони фунти за запирање на мигрантите и покрај тоа што Британците ѝ дадоа повеќе од 100 милиони фунти во изминатите шест години за да ги обезбеди своите граници, да го зголеми крајбрежното следење и да ги затвори нелегалните кампови во градовите како Кале.
I’m on the Kent Coast this morning.
Large number of boats again today including this beach landing at Dungeness. pic.twitter.com/9HL1BAC9AY
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) August 12, 2020
Британското Министерство за внатрешни работи се надеваше оти ќе воведе систем на повратни информации во австралиски стил враќајќи ги чамците на море во Франција, но тоа зависи од фактот дали Франција ќе ги прифати назад.
Филп се сретна со француските колеги во вторникот, но не успеаја да се договорат за враќање на мигрантите. Се чини дека Филп не ја исклучува можноста да му дадат пари на Париз, но сепак тврди дека ќе соработува со Франција за план да ги направат премините неизводливи.
Лидерот на партијата Брегзит, Најџел Фараж, го критикува неуспехот на владата да се справи со кризата фрлајќи сомнеж на ветувањата на владата за запирање на нелегалните мигранти.
„Министерот за имиграција, Крис Филп (за кого никој досега не слушнал), имаше состаноци во Париз и рече дека сега имаме акциски план против нелегалните премини. Не надевајте се многу на тоа“, рече Фараж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

