Забава
Поранешна членка на Сциентолошката црква тврди дека Том Круз сака ќерката да ја вовлече во секта
Актерката Леа Ремини, поранешна членка на Сциентолошката црква, а денес голема критичарка на оваа секта, за „Њујорк пост“ изјави дека е многу веројатно оти Том чека ќерка му Сури да наврши 15 години со цел да ја одземе од мајка ѝ и да ја намами во сциентологијата.
Познато е дека Том нема никаков контакт со својата ќерка бидејќи на сциентолозите не им е дозволено да одржуваат врска со луѓе што не се членови.
„Сциентолозите сметаат дека Кејти Холмс, поранешната сопруга на Том и мајка на Сури, е нивен непријател и затоа Том, како и другите сциентолози, смета дека не треба да има врска со Сури. Сигурен сум дека тој има злобен план и чека таа да биде малку постара за да може да ја раздели од мајка ѝ и да ја намами во сциентологијата“, тврди Леа.
Том не ја видел својата ќерка откога таа имала седум години, а сега има 14.

Леа исто така рече дека била изненадена кога Кејти го напуштила Том.
„Ја познавав додека беше на сциентологијата и се чинеше дека е многу индоктринирана. Но, јас разбирам дека таа го направи сето тоа за да ја заштити својата ќерка. Можам само да претпоставам дека имало некаков договор што ја штити“, рече таа.
Таа додаде дека се гордее со Кејти затоа што ја извлекла Сури од нешто што било потенцијално токсично и опасно за неа.
Таа изјави дека Том не го смета за добра личност затоа што мирно продолжува да го гледа уништувањето на животите на луѓето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Аца Лукас објави видео со „Јовано Јованке“ завиткан во македонското знаме и напиша „Ја сакам Македонија“
Српскиот пејач Аца Лукас, на „Инстаграм“ утрово околу 3.30 часот, сподели видео од изведба на песната „Јовано Јованке“.
На видеото од настапот тој е облечен во македонското знаме, и во описот на видеото порача „Ја сакам Македонија“, по што доби поддршка од македонските фанови во коментарите.
View this post on Instagram
Ова се случува откако синоќа беше приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект во овој град. МВР соопшти дека при акциска контрола спроведена од полицијата, во координација со инспектори и Управата за јавни приходи, било утврдено дека пејачот настапувал без потребната дозвола, по што му била изречена парична казна.
При контролата во истиот угостителски објект биле констатирани и прекршоци за неиздавање на фискална сметка и Законот за пушење. Констатирано било и дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи. Пејачот засгеа не излезе со официјална изјава за инцидентот.
Забава
Како изгледале сестрите Кардашијан пред славата, oбјавена серија фотографии
Кортни Кардашијан сподели носталгични фотографии од 1999 година, од периодот пред семејството да стане светски познато. На Инстаграм објави серија од седум стари фотографии, меѓу кои најмногу внимание привлече божиќна слика на која таа, Ким и Клои позираат во исти пижами со леопардов дезен, држејќи подароци со идентичен украсен папир.
Во текстот се споменува и подкаст-интервју во кое Ким зборувала за раните години на славата и признала дека жали што таа и Кортни не застанале јавно многу порано во одбрана на Клои, бидејќи медиумите различно ја третирале поради изгледот.
Семејството Кардашијан стекна глобална популарност во 2007 година со стартот на реалити-серијалот „Keeping Up with the Kardashians“, коe брзо стана културен феномен и ги отвори нивните денешни медиумски и бизнис-успеси.
View this post on Instagram
Забава
Хороскопски знаци коишто најмногу растат преку болка
Промените ретко доаѓаат од удобност. Некои хороскопски знаци најмногу созреваат токму кога поминуваат низ тежок период. Шкорпија, Риби и Девица се знаци кои излегуваат посилни од болката.
Шкорпијата не избегнува темнина – таа свесно минува низ тешките искуства, знаејќи дека носат важна лекција. Губитоците и предавствата за неа не се крај, туку пресвртница.
Рибите силно ги чувствуваат ударите на животот. Најчесто тивко се трансформираат – се повлекуваат, учат да простуваат и преку духовноста наоѓаат смисла дури и во големите загуби.
Девицата во тешки моменти не бара виновни, туку учи од сопствените грешки. Болката ја тера да стане подобра верзија од себе. Иако не сака хаос, знае како од него да создаде ред. За Девица, секоја болка е лекција.

