Забава
По отстранувањето на силиконите од градите, Криси Тајген го очекува своето трето дете
Криси Тајген и Џон Леџенд го очекуваат своето трето бебе, а Криси ја потврди веста на својот твитер-профил. Веста за доаѓањето на новиот член во семејството почна да се шири кога Џон објави нов видеозапис за песната Wild, посветена на Криси.
Во дел од видеото Џон и Криси се појавуваат со своите деца Луна и Мајлс, а веќе во следниот кадар тој ја гушка околу стомакот, што беше доволно за сите да се сомневаат дека принова доаѓа во семејството.
„Видете го ова трето бебе… О, боже мој“, напиша Криси под видеото, во кое го покажа своето трудничко стомаче.
— chrissy teigen (@chrissyteigen) August 14, 2020
Криси неодамна ги отстрани силиконите од градите.
„Би сакала да го закопчам фустанот во моја големина и кога ќе легнам на стомак, да ми биде удобно“, изјави тогаш моделот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Селена Гомез ги поттикна гласините дека е верена, на Еми наградите се појави со дијамантски прстен
Селена Гомез пристигна на доделувањето на Еми наградите облечена во долг црн фустан на Ралф Лорен и неколку забележливи дијамантски прстени, меѓу кои и еден кој ги поттикна гласините за можна свршувачка со музичкиот продуцент Бени Бланко.
Селена и Бени беа многу блиски за време на доделувањето на наградите, а како што претходно објави TMZ, Селена започнала да следи популарен планер за свадби на TikTok.
Да потсетиме, Селена на почетокот на август ги подгреа гласините за нејзината свршувачка со момчето Бени Бланко, кога објави фотографија на која заедно позираат пред огледало, а на прстот стави емотикон со срце.
Сепак, пејачката и нејзиното момче се уште официјално не ја потврдија веста за свршувачката или за можна венчавка, но Бланко во неодамнешното гостување во шоуто „The Howard Stern Show“ потврди дека нивната врска е сериозна и дека сака да започне брак и семејство со Селена.
Забава
(Видео) Шакира се симна од сцената откако забележа дека некој ја снима под фустанот
На социјалните мрежи се прошири видео од Шакира од ноќен клуб. Пејачката била во еден клуб во Мајами кога го отсвириле нејзиниот нов сингл Soltera, кој се очекува да излезе на крајот на годината. Кога песната свирела, Шакира се качила на сцената и танцувала во краток фустан.
Луѓето во клубот веднаш ги вклучиле мобилните телефони за да ја снимат познатата пејачка. Меѓутоа, Шакира на сред танц забележала дека некој ја снима премногу ниско, односно дека камерата е вперена под нејзиниот фустан.
Шакира почнала да го спушта фустанот и набргу нерасположена се симна од сцената.
That’s just beyond gross. Shakira had every right to walk off, no one should have to deal with that kind of disrespect, especially when she’s just out there performing her music. People need to learn how to act with basic decency! 🤔
— SHAVA (@SHAVA787) September 15, 2024
Бројни обожаватели на пејачката го критикуваа човекот кој се однесувал вака.
shakira cant even enjoy and dance to her OWN song like?? 😢
— 🔞Rayne-Arts (@ArtsRayne) September 15, 2024
„Луѓето се одвратни“, „Шакира не може ниту да ужива, ниту да танцува на нејзината песна“, „Кој и да ја снимал вака, треба да биде уапсен“, „Ова е повеќе од одвратно. Шакира е апсолутно во право што си замина“, се дел од коментарите.
Забава
Црвен отпечаток од дланка на устата: што се крие зад потегот на актерот
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток на дланка преку устата, симбол на солидарност за исчезнатите и убиените домородни жени.
Актерот Д’Фараон Вун-А-Таи (22) привлече внимание на доделувањето на наградите „Еми“. Ѕвездата на Reservation Dogs, која беше номинирана во категоријата за најдобар актер, го искористи своето појавување на црвениот тепих за да испрати силна порака.
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток од дланка на устата, со што испрати порака на солидарност за исчезнатите и убиени домородни жени, односно ги „означува сите исчезнати сестри, чии гласови не се слушаат, молкот на медиумите и законот“.
На годинешната церемонија Вун-А-Таи беше номиниран за својата прва награда „Еми“ за улогата во Reservation Dogs, но наградата му припадна на Џереми Ален Вајт за неговата улога во „Мечката“.
Сепак, Вун-А-Таи влезе во историјата како првиот домороден актер што бил номиниран во која било категорија за главна улога.
Reservation Dogs ја следи приказната за домородните американски тинејџери во Оклахома, кои сакаат да се пробијат до Калифорнија. Попатно, тие се подготвени на сè за да добијат пари, па дури и да ги украдат. Серијата е достапна за гледање на платформата „Хулу“.
Вун-А-Таи изјави за списанието „Варајати“ во април дека шоуто го научило на важноста да ја раскаже сопствената приказна.
„Никој не треба да ги кажува нашите приказни во наше име. Тоа трае предолго. Имавме доволно лажни претставувања“, рече Вун-А-Таи.