Црна хроника
МВР со детали за несреќата во која загина редар на трката во Пробиштип
Кире Андреевски-Кирца, автомобилистички судија и директор на трката во Пробиштип, вчера го загуби животот по инцидентот на кој автомобил „хонда“ во финишот излета од патеката и удри во членот на Автомобилистичката федерација на Македонија.
Полицијата информираше дека вчера околу 13:20 часот на автотрката што се одржуваше на регионалниот пат Пробиштип – Кратово, кај место викано Жгури, патничко возило „хонда сивик“, без регистарски ознаки, управувано од A.K.(43) од Скопје – учесник на трката, удрило во Андреевски (62) од Скопје, кој бил техничко лице на трката. Тој се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Пробиштип.
Поради серизоноста на повредите од таму бил препратен во Медицински центар Штип, но по патот починал. Увид извршиле екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Од Тркачкиот клуб „Кастм кар рејсинг тим“, одговорност за трагедија побараа од Автомобилистичката федерација.
„На крајно небезбедна патека без банкини, која не знаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип, каде што овој викенд организираа ридско-брзинска трка, згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта, при тоа беше и дел од организацијата. Одговорност за овој настан треба да сноси целото раководство на АФМ, а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб и Кристина Станојковска“, напишаа на официјалниот профил на Фејсбук од тркачкиот клуб.
Поради трагичниот инцидент на патеката, беше прекината ридско-брзинската трка, која беше прва од официјалниот календар на шампионатот на Македонија во автомобилизам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

