Македонија
(Видео) Стојаноска: Филипче единствено е посветен на парцелите и хациендата во Нерези

„Министерот за здравство, Венко Филипче, изјавува дека опозицијата била виновна што бил блокиран кредитот од Светска банка и дека постојано манипулира со бројките. Ова претставува брутална лага од страна на човекот кој е пример за неуспех и кој на своја совест го има колабирањето на здравствениот систем, што народот го чини животи. Единствен што манипулира е токму Венко Филипче, кој велеше дека бројката на заболени ќе достигне 2.000, а денес имаме над 12.700 заразени. Фијаско! Десет пати повеќе од тоа што Филипче го прогнозираше“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, Филипче, слушајќи го својот ментор, претходникот, оној кој го нарекуваа министер за смрт, воведоа систем кој не дава резултати и кој е еден од најнеуспешните во Европа. Токму поради неспособноста на овој човек денес граѓаните се затворени во кафез и земјите од Европската Унија и понатаму остануваат затворени за нас за движење.
„Кредитот од Светска банка, за кој вели дека не бил одобрен од опозицијата, е само параванот со кој Филипче сака да ја крие од јавноста и да ја оправдува својата неспособност. На крајот, што ја спречуваше владата, чиј министер е Филипче, да го одобри кредитот од Светска банка со еден потпис на нивниот министер, како што тоа веќе еднаш го направија во февруари оваа година. Главната поента е што, од една милијарда евра кредити, сите до едно евро се потрошија на изборен поткуп, а во здравството, наместо борба против корона, се изгради една монтажна болница која е странска донација.
Што стана со Клиничкиот центар кој го ветуваше Филипче? Ниту една цигла не е ставена. Брутално излажа. Се стопираше и градбата на Клиничката болница во Штип. Што стана и со помошта која ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски ја побараа и договорија со словенечкиот премиер Јанша во справувањето со ковид-кризата? Единствено што Филипче го интересира е личниот интерес. И во тој контекст Филипче, наместо справување со ковид-кризата, единствено останува посветен на парцелите и хациендата во Нерези. Само таму, без застој, се развива проектот ‘Касарна’ на министерот за здравство. Неуспехот во борбата против короната има име и презиме. Се вика Венко Филипче“, додаде Стојановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично во Шутка вети Орце Ѓорѓиевски: Вака ќе и оддадеме посебна почит

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПНЕ Орце Ѓорѓиевски денес на жителите на Шуто Оризари им вети низа инвестиции што ќе создадат подобра локална инфраструктура, повеќе јавен простор и нови можности за спорт, култура, и социјална поврзаност пред се. Нов фудбалски стадион и нов културен дом кој ќе го носи името Есма Реџепова се главните проекти за Шутка.
„Во Шуто Оризари планираме изградба на нов културен дом ’Есма Реџепова’ на местото на старото матично. Ќе вложиме во културата како темел на заедништвото и локалниот идентитет овде. Домот ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино проекции и младински активности, но и симбол на достоинство, традиција и културна енергија на Шуто Оризари. Со тоа ќе оддадеме и посебна почит кон големата Есма Реџепова амбасадорка на ромската култура која со својот глас го претставуваше не само Шуто Оризари туку, Скопје и цела Македонија во целиот свет“, рече Ѓорѓиевски.
Со изградбата на нов фудбалски стадион во Шутка, Ѓорѓиевски очекува да се создаде современ спортски комплекс со терен за голем фудбал, трибини, соблекувални, осветлување и пристапна инфраструктура. Заедно со изградбата на новиот фудбалски стадион, Ѓорѓиевски предвидува и обнова на спортскиот центар Шуто Оризари, со целосна реконструкција на терените, засадување нови дрвја, зелени површини и нова урбана опрема.

И на жителите на Шутка Ѓорѓиевски им вети расчистување на депониите во првите 72 часа од преземањето на власта
На жителите на Шутка Ѓорѓиевски денес им го претстави проектот „Скопје, град кој се грижи за сите“ кој предвидува пакет социјални мерки со кои ќе се обезбеди системски одржлива и праведна поддршка за граѓаните во социјален ризик.
„Планираме градот да обезбедува поддршка за социјално загрозените семејства и поединци преку финансиска помош, хуманитарни пакети, психо-социјална поддршка и програми за образование и преквалификација“, рече Ѓорѓиевски.
Вложувањата во Шутка, Ѓорѓиевски ги претстави како дел неговата визија за Скопје како град кој расте рамномерно и создава можности за сите бидејќи, како што рече, Скопје е силно само кога сите негови општини се силни.
И на жителите на Шутка им вети расчистување на депониите во првите 72 часа од преземањето на власта заедно со Општината, граѓаните и општествено одговорни компании. Шуто Оризари е обиколено со големи диви депонии, а мини депонии има и на речиси сите места каде што се поставени контејнери и канти за отпад.
Македонија
Фазлиу: Фирмата „АС Сењак“ на Ахмети е центар на бизнис-пајажина

Помина цела недела откако ја отворивме најголемата политичко-финансиска афера во поновата историја на Македонија. Една недела Али Ахмети и ДУИ се во тотален молк. Една недела се надеваат дека со криење вистината ќе исчезне, посочи Беким Фазлиу од „Вреди“.
„Мислеа дека ако поднесеме иницијатива до Антикорупциската комисија, ние ќе застанеме и ќе чекаме. Се излажаа. Досега знаевме дека фантом-фирмата на фамилијата Ахмети, „АС Сењак“, напумпана со милиони евра народни пари од тендери, служела како посредник за префрлање на акциите на Сашо Мијалков во рацете на српската Алта Банка.
Но, денес го отвораме новото поглавје од оваа афера.
Фирмата „АС Сењак“ не е само обична компанија. Таа е центар на една бизнис-пајажина, фирма-мајка која поседува удели и во други компании.
Истражувајќи ја таа пајажина, дојдовме до застрашувачко откритие. Една од фирмите во која „АС Сењак“ на фамилијата Ахмети е сопственик, земала кредит директно од Алта Банка од Белград!
На 9 Јуни 2025 година, преку компанија во која Ас Сењак е ко-сопственик, се подигнати 5.000.000 Евра кредит од Алта Банка. За истиот кредит, фирмата е обврзана да доставува редовни пријави и известувања кон Народната Банка на Србија.
Да биде кристално јасно: не зборуваме за продажбата на акциите од пред дваесетина дена. Зборуваме за претходна, директна финансиска инјекција од банката на српскиот режим во бизнис-империјата на Али Ахмети“.
Ова, додава Фазлиу, целосно ја руши тезата дека можеби се работело за некаков изолиран, еднократен бизнис-договор. Ова докажува, оценува тој, дека соработката, довербата и финансиските врски меѓу фамилијата Ахмети и банката на Вучиќ постоеле и пред оваа афера.
„Продажбата на акциите на Мијалков не била почеток, туку само продолжение или можеби круна на една веќе воспоставена, тајна соработка. Парите од Белград веќе течеле кон фирмите на Ахмети.
Ова отвора нови, уште посериозни прашања на кои Али Ахмети веќе не смее да молчи:
Али Ахмети, од кога точно датира вашата соработка со банката на режимот на Александар Вучиќ? Кога е земен овој кредит и за што се искористени тие пари?
Дали продажбата на акциите од Стопанска Банка Битола беше можеби начин да се врати овој кредит или дел од некоја поголема зделка што допрва ќе ја дознаеме?
Со што е гарантиран тој кредит? Со имот, со политичко влијание, или со ветување дека ќе ги распродавате националните интереси на Албанците?
Колку вкупно пари од српскиот режим се влезени во фирмите на вашата фамилија? Дали е ова единствениот кредит или има и други“.
Според Фазлиу, тоа не е само политичка корупција, туку финансиска зависност од центри кои отворено работат против интересите на Албанците и на нашата држава.
Додека, како што нагласува, глумат патриотизам пред камерите, зад сцената склучувале зделки и земале кредити од оние против кои наводно се борат.
„Нивниот молк повеќе не е опција. Секој ден молк е само потврда дека се фатени живи во криминал и предавство. Вистината мора да излезе на виделина во целост“.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Филипче одработува за планот на Заев, кој на поранешен бугарски премиер предаде стик со материјали и шема за преземање на две големи фирми

Филипче одработува за планот на Заев, кој на поранешен бугарски премиер предаде стик со материјали и шема за преземање на две големи фирми, кажа на прес-конференција
„Венко Филипче цела кампања ја помина во градење позиции за планот на Заев кој треба да заврши со нови отстапки на Македонија доколку СДС добие некогаш можност да ја води државата и со преземање на две големи фирми во Македонија, од страна на фирми блиски до поранешен бугарски премиер“.
Планот на Заев, кој го спроведува Филипче, според Петрушевски, е за целосно виткање на државата, а за тоа би помогнал фактот што една од двете фирми е голема телевизија со национална фреквенција.
„Филипче дословно го тера планот на Заев, и праќа сигнали кон Бугарија дека е спремен да доработи.
Разликата е во тоа што и Филипче и Заев се прочитани, а со тоа се и во паника дека ништо нема да можат да изреализираат затоа што на овие избори ќе доживеат огромен дебакл, со што народот ќе им каже што мисли за нивните бугарски шеми“.