Македонија
Работен состанок на раководството на МВР со началниците на секторите за внатрешни работи
„Со оглед на специфичните услови во кои работеше Министерството за внатрешни работи во првите шест месеци од годината, односно во услови на пандемија и во период во кој требаше да се организираат предвремените парламентарни избори, задоволен сум од постигнатите резултати во работењето на полицијата“, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, на денешниот работен состанок на негова иницијатива, што се одржа во Охрид заедно со началниците на секторите за внатрешни работи на тема „Безбедносната состојба на ниво на секторите и насоки за подобрување на ефикасноста и ефективноста во работењето“.
На средбата присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, заменик-директорот на БЈБ, Бесир Деари, и помошниците на директорот на униформираната полиција и крим-полицијата.
Според директорот Тасевски, состојбата со Ковид-19 предизвика низа промени во функционирањето на МВР, а исто така и значителни ресурси беа потрошени за успешно организирање на парламентарните избори. Но, и покрај тоа, целокупните резултати при справувањето со класичниот и организираниот криминал е на речиси исто ниво со првите шест месеци од 2019 година.
„Во одредени области бележиме пад, а во некои, пак, има зголемен број регистрирани случаи. Сепак, заедничкко за сите области е намалување на откривачката дејност за што причина е состојбата предизвикана од пандемијата“, истакна директорот на БЈБ, Тасевски.
Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, исто така ги потенцира неповолните, односно отежнати услови во работењето на Министерството. Како што рече министерот Нухиу, и покрај ваквите услови, можеме да изразиме задоволство од работењето на полицијата.
„Не се регистрирани поголеми инциденти од областа на безбедноста, а поволна е и состојбата со јавниот ред и мир. За ваквата слика сите ние сме еднакво заслужни и треба да продолжиме уште поангажирано да го одржиме високото ниво на безбедноста во државата“, истакна Нухиу во обраќањето на работниот состанок. На состанокот, од началниците на секторите за внатрешни работи, исто така беа потенцирани отежнатите услови за работа во изминатиот период, но и задоволство од постигнатите резултати. Присутните на работната средба заклучија дека и покрај позитивните резултати, треба да се продолжи посветено и поангажирано, со цел подобрување и на овие резултати и зацврстување на довербата кај граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

