Македонија
Ќе се одлучува дали ќе се воведат тестови за транзитните патници
Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за воведување тестови за патниците што само минуваат низ земјава.
Ставот на министерот за здравство, Венко Филипче, е дека треба да се воведат тестови. Говорејќи на прес-конференција, тој вчера кажа дека по првичниот случај со летотот со позитивни патници од Скопје, пратиле писмо преку Министерството за надворешни работи до Амбасадата во Стокхолм, која ја покрива и Финска, но не го добиле списокот со 24 лица детектирани како позитивни.
„Наша цел беше да видиме дали се наши или државјани на Косово, кои беа во тој авион, но по вториот случај, на Комисија за заразни болести ќе дискутираме за воведување PCR-тестови и за транзит-патниците. Во целиот регион имаме најстабилна ситуација, кај нас има подобрување, нема потреба нашата земја, нашиот аеродром, да стои како место од кое излегуваат позитивни патници“, рече министерот Филипче.
Со саботниот лет на „Визер“ од Скопје во Турку, Финска, пристигнале уште 12 позитивни патници. Во авионот имало 115 патници, а тестирани биле 95 отсто. На сите им се издадени наредби за домашен карантин.
Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на Ковид-19. На првиот лет на 8 август, по доброволното тестирање на сите што пристигнаа од Скопје, позитивни беа 26 лица, а на вториот на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаја на коронавирус. Повеќето од патниците во трите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

