Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните осиромашуваат и умираат од корона, а Заеви ги полнат џебовите

Македонија продолжува да бележи трицифрен број на заразени од коронавирус. Бројот на заразени надмина 13 илјади, а бројот на починати е над 550. Државата е црн рекордер во регионот и Европа на еден милион жители, а што е уште пострашно станавме извозник на корона во земји од Европа поради немањето мерки и протоколи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, власта на Заев наместо да се посвети на борба со пандемијата и справување со последиците, беше и е посветена на криминал и корупција. Така агенција за обезбедување од Струмица блиска до Заеви има испумпано над 21 милион евра за само 2 години од државни и енергетски компании, а од народот бараат да плаќа поскапа цена на струјата за 7,5%.
„Се задолжија милијарда евра само за три месеци. Наместо за поддршка на економијата, стопанството и изградба на капитални инвестиции, парите се потрошија за изборен поткуп. Затоа сега експертите најавуваат дека од септември државата ќе нема пари за сервисирање на основните потреби. Дојде државата до дереџе да биде единствената земја во регионот во која пропадна банка и остави илјадници луѓе без своите заштеди, ама затоа министерката Ангеловска ‘успеала’ навреме да ги повлече депозитите. Додека народот осиромашува, се разболува и луѓе умираат, милионерите од власта на Заев и понатаму ги полнат џебовите“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Атанасовски: Реконструкција на градскиот базен и изградба на нова општинска зграда и Дом за стари лица во Македонска Каменица

Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината со многу проекти вклучени во програмата, со јасна визија за напредок, кои вклучуваат изградба на локални патишта како и реконструкција на многу објекти во општината.
„И во изминатите четири години реализиравме стотици проекти, во централното градско подрачје и во сите рурални средини. Денес сме град во кој ги имаме најубавиот спортски комплекс, најубавиот и комплетно осветлен кеј на река Каменичка, првата кула за рана детекција на пожари во државата, нови градски улици, водовод и канализација во секое населено место. Во изградба се десетина локални патишта во руралните средини, а она што ќе остане ќе го изградиме во првата година од новиот мандат. Започната е постапката за целосна реконструкција на Здравствениот дом во Македонска Каменица и наскоро ќе имаме нов репрезентативен објект“, рече Атанасовски.
Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица истакна дека ќе се реконструира Градскиот базен, но и дека се планира изградба на нова општинска зграда и Дом за стари лица, за раст и развој на општината и подобар живот на сите жители.
„Се насочуваме кон комплетна реконструкција на градскиот базен, кон доуредување на градскиот стадион, санација на сите општински објекти, е изградиме нова општинска зграда, ќе изградиме нов сместувачки и повеќенаменски објект, во непосредна близина на нашите училишта, ангажиравме експерти кои ќе ни подготват трајно решение за хуман третман на уличните кучиња, работиме на подготовка на документација за изградба на Дом за стари лица, за двојно ќе ја зголемиме поддршката за образовните институции и установи, затоа што нашите деца се нашата иднина“, вели Атанасовски.
Соопштенија
Ковачки: Делата на Димче Атанасовски зборуваат сами за себе

Тука сме за да ја дадеме поддршката за нашиот Димче Атанасовски, да биде реизбран како градоначалник на Македонска Каменица, како и на нашата советничка листа, за да ја продолжиме патеката на развој и заедништво што заедно ја трасиравме заедно од 2021 година. Да продолжиме со промените кои носат подобро утре. Во изминатиот мандат, вашиот градоначалник работеше транспарентно и чесно. Иако беше под постојани контроли и притисоци сакајќи да му наштетат и да ги докажат своите злобни намери, секогаш излегуваше со чист образ, докажувајќи го својот интегритет и посветеност на граѓаните. И затоа во вториот мандат влегува уште помотивиран и пофокусиран на проекти кои се од важно значење за Каменичани, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од народниот митинг во Македонска Каменица, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори.
Ковачки истакна дека кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица, Димче Атанасовски во неговиот четиригодишен мандат реализирал голем дел од проектите за општината и покрај попречувањата и борбата со поранешната власт на СДС и ДУИ.
„Ако имате дилема дали ќе се реализираат зацртаните проекти, погледнете што е направено се досега. Неговите дела зборуваат сами за себе, подобрени патишта и водоводна и канализациона инфраструктура за полесно секојдневие на сите вас, подобрени услови во училиштата и градинките затоа што иднината почнува од нашите деца, вложува во зачувување на традицијата и културата затоа што во коренот е нашата сила. Овие резултати не се случајност, тие се плод на труд, визија и борба со поранешната влада на СДС и ДУИ кои преку свои локални инсталации се обидуваа да го попречат развојот на Каменица. Но овие резултати се и плод на соработка меѓу луѓе кои веруваа во истата цел, а тоа е дека интересот на Каменичани е пред се“, рече Ковачки.
На крај Ковачки истакна дека Атанасовски е вистинскиот избор за Македонска Каменица и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 9 со цел општината да продолжи да се развива како и досега.
Соопштенија
Угринска: Ќе бараме трага на секој литар вода во Скопје

Кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Угринска, најавува итни и мерливи чекори против големите загуби на вода и нетранспарентното управување со системот на водоснабдување.
„65% загуби на вода не се дефект, тоа е системска неправда врз скопјани и скопјанки. Не пукаат само цевките, туку и правилата: нелегални приклучоци, питка вода за полевање и молк на институциите кога треба одговорност,“ порачува Угринска, притоа додавајќи дека притоа „чесните ја плаќаат сметката.“
Угринска соопштува дека Коалицијата за зелена иднина има подготвено пакет мерки што ќе овозможи следење на потрошувачката на вода во Скопје.
„Ќе бараме трага на секој литар: јавно евидентирање, контроли и санкции за нелегални приклучоци и јасно одвојување на питка од техничка вода,“ вели Угринска.
Во пораката до јавноста, таа апелира дека водата мора да се штити како заедничко право.
„Водата е јавно добро, а не товар за граѓаните и бизнис модел за малкумина“, порачува кандидатката за советничка во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина и ко-претседателка на зелената партија ДОМ, Ана Угринска.