Македонија
Деновиве сончево време, од понеделник повторно ќе биде нестабилно

Од утре следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. По викендот, од понеделник, повторно ќе биде нестабилно, најавуваат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.
Инаку, времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен по должина на Повардарието и на повисоко. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен.
Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата.
Од АМСМ велат дека времето на чекање на „Богородица“ е околу 30 минути. Зголемена фреквенција на возила, рано утринава имаше и на „Табановце“.
Гужвите наа грчката граница почнаа од вчера, со оглед на тоа што денешниот 1 Мај е неработен ден, а дел од граѓаните го поврзаа празникот се претстојниот викенд.
Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.