Регион
„Полицајците се исцрпени, на улиците има речиси 7.000 мигранти“
Во Унско-санскиот кантон во БиХ, чии валсти забранија доаѓање мигранти, има речиси 10.000 вакви лица, вели шефицата на Секторот на криминалистичката полиција на УСК, Снежана Галиќ.
Таа изјави дека според нивните процени има околу седум илјади мигранти на улиците и во напуштените објекти, а три илјади мигранти се сместени во прифатни кампови.
Таа рече дека Хрватска годинава вратила 2.000 мигранти на територијата на кантонот, а мигранти доаѓаат и од Сараево.
„Сепак, во кантонот дозволуваме влез само на загрозени категории, семејства со деца“, изјави Галиќ за телевизијата „Н1“.
Според неа, полицијата во УСК ги штити граѓаните и нивниот имот и мора да спречи судири меѓу мигрантите и локалното население.
„Полициските службеници се исцрпени, но ние продолжуваме да работиме. И граѓаните се на крајот од силите и свесни сме за тоа“, додаде таа истакнувајќи дека во полициската администрација на УСК недостигаат 150 службеници, а нема помош од другите полициски агенции.
„Мораме да се бориме сами на свој терен“, заклучи Галиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Американец загина во Словенија: се искачувал на Триглав
Американски државјанин загина во Словенија, најверојатно откако паднал од планинарска патека на Алпите, соопшти словенечката полиција.
Семејството на 33-годишникот изјави дека тој тргнал на планинарење во понеделник наутро до Триглав, највисокиот врв во Словенија, а потоа исчезнал, објави словенечката новинска агенција СТА.
Неговото тело е пронајдено вчера околу 1 часот наутро на дното од планинарска патека. Полицијата соопшти дека првичните наоди укажуваат дека паднал по стрмна падина.
Идентитетот на починатиот не е објавен.
Словенија е популарна дестинација за планинари и алпинисти поради бројните патеки во Јулиските Алпи.
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.

