Свет
(Видео) Повеќе повредени и масовна евакуација во шпански хотел зафатен од пожар

Хотел во Марбела, Шпанија, е евакуиран, а повеќе луѓе се повредени во огромниот пожар што избувна во раните утрински часови, пренесува РТ.
Пожарот избувнал непосредно по 6 часот по локално време, а според повеќе извештаи, пламените јазици се кревале високо над бутик-хотелот „Сису “. Снимките од очевидци ги прикажуваат огнените јазици што ја голтаат зградата.
#susi hotel in Marbella #puertobanus on fire!! pic.twitter.com/WwZOuuXGDL
— Phil (@PhilipRawlings4) August 21, 2020
Пожарникарите и другите екипи за итна помош пристигнале брзо на местото на настанот и поставиле безбедносен кордон додека се бореле да ја спасат зградата. Тие успеале да го изгаснат пожарот пред тој комплетно да го уништи хотелот и другата зграда во близина.
Hotel Sisu en #Marbella. pic.twitter.com/MHSl1o9vsW
— Francisco M. Siles Martín (@frannsiless_) August 21, 2020
Градоначалникот на Марбела, Анхелес Муњоз, им се заблагодари на службите за итна помош за брзото реагирање за контролата и гаснењето на пожарот пред да може да се рашири и да предизвика уште поголем хаос.
Hotel Sisu Marbella . Increíble que en 2020 las medidas de seguridad sean estas pic.twitter.com/ayCRjzhEZG
— THOR, culé y Español (@rogemartos) August 21, 2020
Иако имало неколку повредени пријавени во пожарот, официјалните лица допрва треба да ја потврдат состојбата на повредените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху: Не ја исклучувам можноста за нови напади врз раководството на Хамас, каде и да се

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека не ги исклучува понатамошните напади врз лидерите на Хамас „каде и да се“, додека арапските и исламските шефови на држави одржуваат самит за да покажат поддршка за Катар по нападот од минатата недела врз земјата од Персискиот Залив.
Обраќајќи се на самитот, катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани рече дека израелскиот напад бил „кукавички и предавнички“, тврдејќи дека во времето на нападот, лидерите на Хамас го проучувале предлогот за прекин на огнот на САД што им го презентирале Катар и Египет.
Хамас објави дека петмина негови членови се убиени во израелскиот напад, но не и раководството. Еден член на катарските безбедносни сили, исто така, бил убиен.
Зборувајќи заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио во Ерусалим, Нетанјаху рече дека Израел сè уште не добил конечен извештај за резултатите од нападот.
Рубио ќе отпатува во Катар по неговата посета на Израел, изјави висок функционер на американскиот Стејт департмент, пренесуваат светските медиуми.
Рубио го повика Катар да продолжи да игра конструктивна улога во решавањето на конфликтот во Газа, велејќи дека тоа би можело да помогне во постигнувањето на целта за ослободување на сите 48 заложници што сè уште се држат во Газа, разоружување на Хамас и градење подобра иднина за жителите на Газа.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека не е задоволен од нападот и вчера изјави дека Израел треба да биде внимателен.
Фото: принтскрин
Свет
Иран: Непријателите треба да знаат, нашата нуклеарна програма има длабоки корени, не може да биде уништена со воени напади

Шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, на годишната генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена изјави дека нуклеарната програма на Иран нема да биде уништена со воена акција. Во исто време, тој ги обвини Израел и Соединетите Американски Држави за нелегални напади врз неговите објекти, пишува Иран Интернешнл.
„Непријателите на Иран треба да знаат дека нашата нуклеарна програма има длабоки корени и не може да биде уништена со воена акција“, рече Еслами во обраќањето пред 69-та Генерална конференција. Тој додаде дека Иран нема да попушти пред политичкиот или воениот притисок и нема да се откаже од своите права.
Шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран рече дека соработката на Техеран со МААЕ е „широка и конзистентна“, но ја обвини агенцијата дека не ги осуди она што тој го нарече акти на агресија против нуклеарните објекти на Иран.
„И покрај нашите официјални барања, агенцијата не ги осуди нападите на САД и Израел врз нуклеарните објекти на Исламската Република“, рече тој. „Ова молчење и неактивност ќе останат дамка во историјата на агенцијата“.
Еслами, исто така, ги критикуваше европските напори за активирање на механизам за „враќање“ за повторно воведување на санкциите на Обединетите нации врз Иран, нарекувајќи ги нелегални.
Тој рече дека нуклеарниот договор од 2015 година, официјално познат како Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), покажал дека дипломатијата може да успее, но тврдеше дека бил поткопан од западните земји. „Денес, на годишнината од JCPOA, гледаме нелегални обиди за активирање на механизмот за враќање“, рече тој. „Овие напори се исмејување на Резолуцијата 2231“.
Еслами, исто така, рече дека израелските напади врз нуклеарните објекти на Иран беа насочени не само кон инфраструктурата, туку и кон самата дипломатија.
„Целта на ционистичкиот режим не е само да ги уништи нашите нуклеарни центри, туку и да го блокира патот кон дипломатијата и мирот“, рече тој. Еслами објави дека Иран ќе поднесе резолуција на конференцијата со која ќе се забранат нападите врз нуклеарните постројки и ќе одржи состаноци со земјите што соработуваат со Техеран.
Фото: принтскрин
Свет
Рубио во Израел: Сите заложници мора веднаш да се вратат дома

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека сите заложници мора веднаш да се вратат дома и дека Хамас мора да биде „уништена“ како вооружена група.
Зборувајќи на прес-конференција во Ерусалим, Рубио рече дека американскиот претседател Доналд Трамп е сè уште посветен на овие цели, објавува „Тајмс оф Израел“. Рубио, исто така, истакна дека Иран им се заканува не само на Израел и САД, туку и на сојузниците од Персискиот Залив и Европа. Тој рече дека нуклеарниот Иран е „неприфатлив ризик“ за светот.
Рубио го критикуваше Хамас за неговиот „неспоредлив варваризам“ и додаде дека народот на Газа не може да има мир или подобра иднина сè додека Хамас не биде разоружан и сите заложници не бидат вратени дома. „Фокусирани сме на тоа што ќе се случи следно“, рече американскиот државен секретар Марко Рубио, осврнувајќи се на израелскиот напад во Доха минатата недела.
Државниот секретар на САД пристигна во Израел за да му го пренесе на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху незадоволството на САД од неодамнешниот израелски напад врз Доха, Катар, под изговор дека го напаѓа седиштето на Хамас. Пред состанокот, тој најави дека ќе разговара со Нетанјаху за воените планови на Израел за окупирање на градот Газа, како и за намерата на Израел да анектира делови од окупираниот Западен Брег.
Фото: принтскрин