Македонија
Николоски: За жал, Македонија доби коалиција на лагата
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Александар Николоски, денеска се обрати на собраниската седница. Николоски пред своето излагања му посака на Собранието успешна работа и се надева дека од оваа зграда ќе излегуваат добри закони, кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Република Македонија.
„Денешниот предлог што го имаме тука пред нас за избор на претседател на Собранието е практично плод на политичкото договарање и на коалицијата што ја слушнавме и се дозна за неа пред два дена. Оваа коалиција, која е во најава и коалиција, би рекол, на продолжеток, е коалиција на лагата“, нагласи Николоски.
Тој додаде дека кога се оди на избори, сите кандидати одат, се среќаваат со луѓето, разговараат, се даваат предлози и концепти што ќе се сработи во четиригодишниот мандат и се даваат ветувања. Но, она што е најбитно – треба сите кандидати да се држат до ветувањата што ги имаат дадено за време на кампањата.
„Но, за жал, мислам дека мнозинството што се потпиша на оваа кандидатура денес го губи образот. Затоа што едните во кампањата зборуваа дека ќе прават друг вид коалиција доколку победат, а мислам на СДСМ и нивните коалициски партнери, и дека ќе ја пуштат ДУИ во опозиција. А вторите зборуваа дека ќе направат коалиција, единствено доколку добијат свој кандидат за премиер, односно претседател на владата. И едните и другите на тој начин добиваа гласови“, потсети Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

