Свет
(Видео) Авион се урна врз населено место во Јужен Судан, загинаа најмалку 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а еден патник преживеал по пад на товарен авион на населениот дел Џуба, веднаш по полетувањето од аеродромот во главниот град на Јужен Судан.
Очевидец наведува дека авионот, сопственост на компанијата South West Aviation, полетал од аеродромот во Џуба, но се урнал во густо населениот дел од главниот град на Јужен Судан неколку минути по полетувањето.
Преживеаниот патник на авионот е во критична состојба и бил пренесен во најблиската болница, извести Синхуа.
Властите најавуваат започнување на сеопфатна истрага за оваа трагична несреќа.
HABER ? An-26 tipi uçak Güney Sudan Juba Havalimanı yakınlarında kalkıştan kısa bir süre sonra düştü.
.8 kişi hayatını kaybetti
1 kişi kurtuldu
.
.
.
.#havadakisorular #sivilhavacılık #civilaviation #sudan #southsudan #jubaairport pic.twitter.com/oV3u4zsHih— Havadakisorular (@havadakisorular) August 22, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало својата мајка

На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка од моментот кога двегодишно момче случајно ја застрелало мајка си откако го земало пиштолот на неговиот татко, јавуваат бразилските медиуми.
На снимката од надзорните камери во семејниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул се гледа како момчето зема пиштол од масата и го влече чкрапалото додека мајка му се врти кон него.
Родителите седеле и разговарале и не забележале дека момчето посегнува по оружјето. На видеото се гледа како куршумот ја погодил жената во градите и раката. После тоа, таа станала, но набрзо паднала на подот. Момчето истрчало кон мајка си, а неговиот татко го зел оружјето од подот.
Жената беше идентификувана како 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро, а нејзината фотографија беше објавена во бразилските медиуми. Полицијата отвори итна истрага и потврди дека таткото на момчето, инаку земјоделец со дозвола за поседување оружје, ќе одговара за убиство од небрежност.
Според локалните медиуми, детето најверојатно ќе биде вклучено во програма за психолошко советување. Засега не се знае дали ќе остане со својот татко или ќе биде предаден на социјалните служби.
Началникот на локалната полиција Даниеле Фелисмино потврди дека жената била пренесена во болница, каде што била констатирана смрт. Полицијата ги запленила пиштолот и муницијата, а обдукцијата била извршена во саботата наутро, ден по трагедијата. Резултатите се уште не се објавени. Згрозените жители на градот и општината Рио Верде де Мато Гросо на социјалните мрежи изразија сочувство на семејството.
Свет
Зеленски: Нападот врз Киев е најтешкиот од почетокот на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во текот на ноќта Киев бил погоден од еден од најтешките напади од почетокот на војната, додека Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 проектили во масивна офанзива.
Зеленски на мрежата „Икс“ изјави дека биле нападнати и регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировохрад, Николаев и Киев.
Во Киев се оштетени згради во осум области, а спасувачките тимови трагаат по преживеани под урнатините на станбена зграда.
„Се уште не е јасно колку луѓе се заробени. Русите уништија цел дел од зградата“, рече Зеленски.
Според досегашните податоци, најмалку 15 лица загинале, а 75 се повредени.
„Сите повредени ја добиваат потребната помош“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски ги нарече нападите „чист тероризам“ и ги повика меѓународните партнери, вклучително и САД и ЕУ, да реагираат поодлучно.
„Путин ја продолжува војната затоа што верува дека може да си ја дозволи. Светот не смее да замижува. Терористите мора да ги почувствуваат последиците, а не невините цивили“, рече Зеленски.
Свет
Иран ја критикува заедничката изјава на Г7

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ја критикува групата Г7 за, како што рече, неуспехот да се справи со незаконската и бесрамна израелска агресија против Иран.
Во изјавата објавена на социјалната мрежа „Икс“, Багаи ја обвини Г7 дека ги игнорирала нападите за кои Техеран тврди дека резултирале со цивилни жртви и оштетување на јавната инфраструктура.
Лидерите на Г7 вчера во заедничка изјава ја потврдија својата поддршка за правото на Израел на самоодбрана.
„Потврдуваме дека Израел има право да се брани… Иран е главниот извор на нестабилност и терор во регионот“, се вели во соопштението.
Групата повтори дека „Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје“ и повика на решение за иранската криза што придонесува за поширока деескалација, вклучително и прекин на огнот во Газа.
Багаи ги повика постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, особено оние во Г7, да ги исполнат своите законски и морални обврски според Повелбата на ОН.
„Израел почна неиспровоцирана агресивна војна против Иран“, рече Багаи обвинувајќи го за кршење на членот 2(4) од Повелбата и меѓународните норми, кои ги штитат нуклеарните постројки во време на мир.
Тој предупреди дека континуираната неактивност на Советот за безбедност може да го поткопа кредибилитетот на ОН и повика на итен прекин на непријателствата и одговорност за кршење на меѓународното право.