Свет
СЗО и ООН: Децата над 12 години треба да носат маски

Децата од 12 години па нагоре, треба да носат маски за лице секаде каде што и возрасните ги носат, соопшти Агенцијата на ООН за здравје и права на децата во упатствата кои ги подготвени до властите.
Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ООН (УНИЦЕФ) не препорачуваат децата на возраст од 6 до 11 години да носат маски, но велат дека треба да се земат во предвид областите со интензивна стапка на пренесување на вируси и во посебни прилики како што се училиштата, јави ДПА.
Експертите кои го подготвија упатството сметаат дека постојат ситуации кога маските можат значително да влијаат врз процесот на учење и да имаат негативно влијание врз училишните активности.
Помладите деца не треба да носат маски, затоа што не можат сами правилно да ги ставаат и вадат, се наведува во документот што беше објавен во петокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
пред еден месец, Судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителната купување на вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Свет
Турција: Уапсени 525 дилери со дрога во најголемата операција во земјата

Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции низ Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следеа по шестмесечен „технички и физички надзор“ на секој осомничен.
Свет
Италијанскиот претседател се врати во својата резиденција по успешната операција

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим откако му беше вграден пејсмејкер.
Во вторникот, Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави Анса.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика бројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува наскоро со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува Танјуг.