Контакт

Забава

Мајкл Џексон својот гнев го истура врз „Битлси“, Елвис Присли и Ем-ти-ви

Објавено пред

Во рачно напишани писма, до кои дојде британскиот весник „Сан“, Мајкл Џексон вербално ги напаѓа музичките икони од „Битлси“, Елвис Присли, Брус Спрингстин, како и музичкиот канал Ем-ти-ви во врска со расната нееднаквост.

dobivaj vesti na viber

Писмата биле напишани во 1987 година во екот на неговата слава, а до нив дојде британски „Сан“ во неделата.

Овие писма, кои никогаш порано не се видени, илустрираат како тој го користи својот гнев поради наводниот расизам во музичката индустрија за да ја поттикне својата слава.

„Белите луѓе отсекогаш ги брендираа страниците на историјата со големите бела надежи ставајќи ги белците над црнците како благородници, како, на пример, Елвис да биде кралот на рокенролот, Спрингстин да биде The Boss (шефoт), а „Битлси “да биде најдобар бенд“, напишал Џексон, како што пренесува „Сан“.

Тој признава дека момците од „Битлси“ биле добри, иако додава: „но, тие не беа подобри пејачи или танчари од црнците“.

Џeксон додава дека „белците ги контролирале медиумите и печатот и тие може да ја натераат јавноста да верува во она што сакаат“.

„Јас ќе го сменам ова СЕГА со моќта на моите песни и мојот танц, и изглед, и тотална рекреативност. Јас ќе владеам како крал“.

Џексон додава дека Елвис не е крал и дека тој ќе му покаже на Спрингстин кој е шефот. „Јас сум навистина лут и овие работи мора да се сменат“.

„Мојата цел е да сум доволно голем и доволно моќен за да станам херој што ќе стави крај на предрасудите“, додава Џексон во досега необјавените писма.

„Црнците не може да бидат на насловната на белите публикации“, вели Џексон. „Мене ми рекоа дека не ставаат црнци на нивните корици бидејќи црнците не се смешкаат“.

Забава

(Фото) Сопругата на Клуни е вистинска убавица: не е ни чудо што ја изгуби главата по неа

Објавено пред

Кога станува збор за чист гламур, Амал Клуни е синоним за овој моден израз. Нејзините фустани зрачат со чиста елеганција, минималистички крој, а таа често флертува со специфични материјали.

dobivaj vesti na viber

Неодамна таа блесна на премиерата на филмот „Џеј Кели“ во Лондон, па дури ни нејзиниот сопруг – познатиот Џорџ Клуни – не беше имун на оваа сцена.

Имено, Амал прошета по црвениот тепих во розов фустан дизајниран од познатата модна дизајнерка Тамара Ралф. Фустанот е украсен со розови светки на горниот дел, додека долниот дел е исполнет со реси.

Фустанот е малку тесен, па затоа ја нагласува витката фигура на Амал. За да го комплетира овој стил кој зрачи со стар холивудски гламур, таа додаде пердувеста наметка во пудра розова боја.

Таа ја стилизираше косата на вообичаениот начин – се одлучи за меки бранови, а за шминка носеше нежни тонови кои ја нагласуваа нејзината природна убавина.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Поради Кејт Мидлтон жените „полудеа“ по една боја

Објавено пред

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се појави на добротворен настан и во таа пригода привлече внимание кон себе со својот моден избор, исто како што секогаш прави кога станува збор за нејзините комбинации.

dobivaj vesti na viber

Откако оваа есен ја добивме маслинесто зелената како кралица на сезоната меѓу боите, принцезата одлучи да го следи тој тренд.

Беспрекорната Кејт прошета во маслинесто зелена боја од глава до пети. Таа избра комбинација од Викторија Бекам и покажа дека суптилноста и елеганцијата дефинитивно ѝ припаѓаат само на неа. Струкираното сако и прави панталони во комбинација со маица од истата нијанса ја покажаа целата моќ на еднобојното издание.

Со оглед на пригодата, но и стилот на принцезата, овој пат таа не претеруваше со деталите, па носеше едноставна огрлица и прстен, додека косата ја стилизираше во меки бранови.

Иако не е прв пат Кејт да избере нешто од колекцијата на Викторија Бекам, секогаш сме воодушевени од начинот на кој го претставува.

Суптилно и внимателно се чини дека е нејзиното мото, а по сите овие години, би се рекло дека не треба да го менува.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Меланија Трамп има конкуренција: латино дивата покажа и друга страна

Објавено пред

Пејачката и глумица Џенифер Лопез веќе некое време привлекува внимание. Таа моментално е на промоција на филмот „Kiss of the Spider Woman“, каде што ги полни страниците на модните списанија со своите смели комбинации.

dobivaj vesti na viber

На неодамнешната премиера на филмот во Њујорк, таа носеше драматична креација со цветни мотиви, а оваа комбинација ги воодушеви сите љубители на цветните дезени.

Но, сега таа одлучи да нè изненади и да ни покаже еден по-минималистички стил – таков на кој би ѝ завидела дури и првата дама на САД, Меланија Трамп.

Имено, Џенифер беше фотографирана на улиците на Њујорк, каде што, според странските медиуми, снимала сцена за претстојниот филм „The Last Mrs. Parrish“.

За таа пригода, таа одлучи да облече впечатлива црвена комбинација што ја откриваше нејзината друга страна – елегантната. Црниот ремен беше исто така забележлив, што беше вистински контраст на оваа монохроматска комбинација.

Таа додаде преголема црна шапка, високи потпетици и црни ракавици на своето издание, што само го надополнуваше стилот на вистинска дама.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонски грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија1 час

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет1 час

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видео врска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет2 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија3 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија3 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа4 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет4 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет5 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет5 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа5 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет6 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија6 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија6 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ18 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет20 часа

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет21 час

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија1 ден

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет1 ден

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија2 дена

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...