Свет
(Видео) Се урна зграда во Индија, најмалку 90 лица се заробени под урнатините

Најмалку 90 луѓе, меѓу кои има и деца, останале заробени под урнатините на зграда со 40 станови којашто се урна во индискиот град Махад, јужно од финансискиот центар Мумбаи, соопшти полицијата.
LATEST — At least 90 people feared trapped in a collapsed apartment building south of Mumbai, Indiahttps://t.co/xLYWQ7pOtq pic.twitter.com/YXQ3o0QH3U
— DAILY SABAH (@DailySabah) August 24, 2020
Властите велат дека спасувачите успеале да извлечат 28 лица, но сè уште не е потврдено дали има загинати или повредени, пренесува „Ројтерс“.
На фотографиите од местото на настанот се гледа дека станбен комплекс на пет ката со 40 станови е целосно уништен.
#Breaking – At least 50 people are feared trapped after a five-story building collapsed in #Mahad in #Maharashtra, #India pic.twitter.com/txbIg69Ock
— Global News (@GlbBreakNews) August 24, 2020
Причината за урнувањето на зградата, што се случило среде силен монсунски дожд, сè уште не е позната, но се појавија контрадикторни информации за тоа колку години е стар објектот.Според некои, зградата била изградена пред шест години, додека други тврдат дека е стара 60 години, пренесува „Хиндустан тајмс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Различни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека околу 20 проектили биле истрелани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави за Би-Би-Си израелски воен претставник, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле „отворени области“.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на бројни цели во Израел, со што започна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација