Македонија
(Видео) Здравковски: Под палката на Љупчо Николовски е спроведен најголемиот поткуп на гласачи
„Љупчо Николовски е човекот од заднина на Зоран Заев, генерален секретар на СДСМ, кој ги организирал сите изборни нерегуларности и целиот партиски поткуп, тој не е лицето што може да биде вицепремиер за борба против корупцијата. Под палката на Љупчо Николовски како генерален секретар на СДСМ е спроведен најголемиот поткуп во независна Македонија, каде што дури една милијарда евра, кои Владата ги зеде како заем и кои граѓаните ќе треба да ги враќаат, се потроши на купување гласови“, изјави Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, додека Николовски беше министер за земјоделство, му се случи најголемата криминална проневера на пари во тој сектор. Имено, во периодот од 21.9.2017 година до 1.10.2018 година, Кире Неделковски, партиски активист на СДСМ и човек близок до Николовски и Заев, проневерил 300.000 евра, пари на тутунарите од Сојузот на тутунарите. Тутунарите реагирале и со писмо поткрепено со документи и факти ги известиле и Зоран Заев и Љупчо Николовски, како тогашен министер за земјоделство, но реакција немало.
„Кире Неделковски не само што шета на слобода туку и е унапреден од страна на оваа власт и именуван за член на УО на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството. Љупчо Николовски не се справи со корупцијата и криминалот во министерството со кое раководеше, оттука не може ниту да очекуваме дека ќе се справи со корупцијата и криминалот во целата држава, напротив, тој ќе го унапреди! Николовски ниту како генерален секретар не ги почитуваше законите. Во ек на корона-кризата, кога цело Скопје беше затворено со одлука на Владата на СДСМ и ставено во карантин на 6 и 7 јуни, тој избега од градот, исто како и неговите сопартијци Шекеринска и Шилегов, и отиде во Берово, каде што немаше 72-часовен карантин, како што беше случајот во Скопје.
Во текот на неговата кариера ќе го следат најголемите лаги упатени кон земјоделците. Тој и Зоран Заев ветуваа сигурен откуп и високи откупни цени, а веќе четврта година како се на власт, нема ниту сигурен откуп ниту повисоки откупни цени. Љупчо Николовски го упропасти македонското земјоделство, а сега е на ред да ја упропасти и целата држава. Ова не се нови кадри, ова се старите истрошени кадри на СДСМ, со конекции со транзицијата“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

