Свет
Швајцарците треба да одат на часови за интеграција со странците
Швајцарците треба да одат на часови за интеграција со странците за да се навикнат да станат малцинство во сопствената земја, тврди социолог. Ганга Џеј Аратам, кој имигрирал од Шри Ланка во Швајцарија пред 25 години, изјави во интервју за „Тагес Анзајгер“ дека масовната миграција во Швајцарија е еднонасочна улица по која нема враќање назад.
Според Аратам, Швајцарците треба да се откажат од историските обичаи и традиции во земјата – бидејќи домородното население е заменето – и да ја признаат хиперразличноста како национална култура тврдејќи дека швајцарската култура не е изгубена, туку се развива.
На прашањето дали сфаќа дека таквата транзиција може да биде неподнослива за наивните Швајцарци, Аратам одговори:
„Затоа мислам дека треба да има курсеви за интеграција за локалното население. Веќе имаме курсеви за интеграција за мигрантите. Тоа е добра работа. Ваквите курсеви се неопходни и за локалното население затоа што тие полека стануваат малцинство. Во интерес на Швајцарците е да се запознаат со мигрантите“.
Тој тврди дека ако месното население не се приспособи, тие ќе станат губитници во сопствената земја. Илустрирајќи ги ваквите губитници, Аратам посочи на примерот на стари лица кои би можеле да се борат со странците и да станат „фрустрирани кога ќе бидат сместени во дом за стари во кој 90 отсто од персоналот доаѓа од странство“.
Прашан дали масовната миграција може барем да се забави, научникот од Универзитетот во Базел посочи дека кога ќе се отвори вратата за премин на населението од третиот свет, таа не може да се затвори.
„Кога ќе се постигне разновидност, процесот нема да престане“, рече тој истакнувајќи дека обединувањето на семејството и другите политики поврзани со човековите права значи дека миграцијата од глобалниот југ ќе продолжи да расте, без оглед на тоа какви национални закони се обидува да донесе владата.
Покрај тоа, Аратам истакна дека мигрантките во просек имаат повеќе деца отколку Швајцарките.
„Тагес Анзајгер“ посочува дека околу 90 отсто од азилантите добиваат социјална помош и дека повеќето од Еритрејците во Швајцарија не работат дури и по години престој, но Аратам тврди дека се потребни повеќе напори и дека тука има значителен неискористен потенцијал.
Податоците собрани и објавени од Федералниот завод за статистика и Државниот секретаријат за миграција откриваат дека 83,7 проценти од Сомалијците во Швајцарија се потпираат на државната помош наспроти 2,3 отсти од Швајцарците и само 0,6 отсто од јапонските државјани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

