Македонија
Пендаровски го посетија 20-ина млади луѓе во рамките на проектот „Учиме право“
Во рамките на проектот „Учиме право“ (Street Law) на Младинскиот образовен форум, преку кој младите се едуцираат за човековите, граѓанските и за политичките слободи и права, демократијата и концептот на владеење на правото, Европската Унија и процесот на евроинтеграција на нашата земја, денеска Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија го посетија 20-ина средношколци од неколку градови во земјата.
Имајќи предвид дека програмата „Учиме право“ е изградена на принципите на неформалното образование, младите имаа можност одблизу да се запознаат со работата и со историјатот на Кабинетот на претседателот на државата, да влезат во дел од работните постории во вилата „Водно“, како и лично да се сретнат со претседателот Стево Пендаровски.
Во разговор со средношколците претседателот Пендаровски ги информира за своите уставни и надлежностите во надворешната политика, во секторите одбрана и безбедност, за обврските како врховен командант на вооружените сили, како и за политичката функција на институцијата Претседател.
„Институцијата Претседател треба да претставува мост меѓу разните политички интереси во нашата земја. Мојот Кабинет е отворен за сите политичари, без разлика дали се на власт или во опозиција“, рече претседателот Пендаровски во разговорот со младите луѓе.
Истовремено, претседателот Пендаровски им порача на младите луѓе да бидат будни и гласно и неуморно да се борат за своите права. Бидејќи, како што додаде претседателот Пендаровски, ниту една држава не може да напредува ако од животот во неа се задоволни само возрасните.
„Вие, младите генерации, треба побргу да ги учат лекциите за демократија. На политичарите не смеете да им дозволите да имаат мирен мандат“, заклучи претседателот Пендаровски.
Средношколците од своја страна во разговор со претседателот Пендаровски истакнаа дека целта на проектот „Учиме право“ е да создаде врска помеѓу концептот на демократијата, човековите права и правниот систем и нивното влијание во секојдневниот живот.
Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија и вилата „Водно“ и натаму остануваат отворени за сите граѓани, односно за секој што има желба и интерес да ги види работните простории на вилата, салите каде што се организираат свечености, настани, прес-конференции и средби, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

