Контакт

Забава

Американски универзитет на Европа – ФОН, Факултет за прехранбена индустрија

Објавено пред

Запишете се на Факултетот за прехранбена индустрија на Американскиот универзитет на Европа – ФОН затоа што иднината е во квалитетно производство на здрава храна.

dobivaj vesti na viber

Овој факултет е целосно креиран согласно американските стандарди и висок квалитет на образование и со директен линк на Универзитетот Мајами од Охајо, САД, и заемна соработка со Американскиот универзитет на Европа – ФОН од Скопје.

Светот се соочува со недостиг од храна во неразвиените региони, но и со прекумерна количина на вносна нездрава храна во земјите со развиени економии.

Ова доведува до огромни предизвици кои ги наметнува динамиката на новиот стил на живот која го смени и начинот на исхрана.

Затоа ни е потребна одржливост, умешно и успешно менаџирање на нови извори за добра храна, за здрава храна, која потекнува од здрава животна средина и обновливи извори на енергија.

Факултетот за прехранбена индустрија на Американскиот универзитетна Европа – ФОН во Република Северна Македонија е вистински избор за вас и вашата иднина.

 

(ПР текст)

Забава

Земјотрес во светот на модата: „Прада“ го купува „Версаче“

Објавено пред

Италијанската модна куќа Прада денеска објави дека постигнала дефинитивен договор со американската групација Капри Холдингс за стекнување на 100 отсто од познатиот бренд Версаче за 1,25 милијарди евра.

dobivaj vesti na viber

Спојувањето на двата светски познати брендови ќе создаде италијанска луксузна групација со обрт од над шест милијарди евра, која на крајот ќе може да се натпреварува со индустриските гиганти како LVMH и Kering.

„Среќни сме да му посакаме добредојде на Версаче во Групацијата Прада и да изградиме ново поглавје за бренд со кој споделуваме силна посветеност на креативноста, изработката и наследството“, рече претседателот и извршен директор Патрисио Бертели.

Договорот го намалува трендот во последниве години, бидејќи големите имиња на италијанската мода како Гучи, Фенди и Ботега Венета преминаа во рацете на нивните француски конкуренти.

Капри холдингс, кој го купи Версаче во 2018 година за 1,83 милијарди евра, мораше да прифати значителен попуст во економски контекст на кризата на пазарот на луксуз и зголемувањето на американските царини.

Во тоа време, модната куќа беше 80 отсто во сопственост на семејството Версаче и 20 отсто на американскиот фонд Блек рок.

По долги недели преговори, Прада презеде акција, и покрај турбуленциите на пазарот предизвикани од лавината од зголемувањата на царините што ги најави претседателот Доналд Трамп.

Трансакцијата се очекува да биде завршена во втората половина на 2025 година.

Модната куќа Версаче, која беше основана во 1978 година од страна на креаторот Џани Версаче и неговиот брат Санто, стана многу позната по комбинациите на облека за џет-сетот.

Донатела Версаче, која ги презеде креациите на модната куќа во 1997 година по убиството на нејзиниот брат Џани, се пензионираше на 1 април.

Прикажи повеќе...

Забава

Кејт Хадсон ги воодушеви обожавателите во бел костим за капење

Објавено пред

Актерката Кејт Хадсон (45) ги воодушеви своите следбеници со нова фотографија во костим за капење. Актерката позира во едноделен бел костим за капење и беше фотографирана додека се сонча на лежалка.

dobivaj vesti na viber

На фотографијата до израз дојдоа нејзините гради, кои и самата ги коментира. „Пролет и гради, две работи што ги поддржувам“, напиша таа во описот на објавата.

Хадсон повремено споделува фотографии во бикини на социјалните мрежи. Пред неколку недели таа позира топлес.

Прикажи повеќе...

Забава

Најзгодната жена на светот повторно предизвика бурни реакции на интернет со серија фотографии во бикини

Објавено пред

Познатата манекенка Рози Хантингтон-Вајтли редовно ја воодушевува јавноста. Повеќе не е новост колку луѓето се маѓепсани од нејзиниот изглед и убавина.

dobivaj vesti na viber

Направи големо враќање на модната писта по десет години, па Роузи продолжува да се појавува во многубројни кампањи.

Овој пат таа рекламира костими за капење за претстојното лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THE DEBUT (@thedebutfashion)

Рози позира во минијатурни бикини, но она што привлече поголемо внимание, дефинитивно, е нејзиното тело.

Позитивните коментари на сметка на нејзиниот изглед се нижеа.

Таа веќе неколкупати го покажа своето негувано и обликувано тело, а не ѝ се непознати ни провокативните изданија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Судски совет за пресудата за Теодора – судијата не можел да пресуди повисока казна

Судскиот совет ја разгледа пресудата за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово со која беше осуден на...

Македонија4 часа

МВР со апел: Не отворајте линкови од сомнителни мејлови и не давајте податоци на сомнителни веб-страни

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со...

Македонија6 часа

Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот...

Македонија7 часа

Истрага за 43 лица за измами со брзи кредити: осомничен и службеник во ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поведува постапка против вкупно 43 лица, кои со разни дејства на компјутерски измами,...

Македонија8 часа

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот...

Македонија10 часа

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 7.4.2025 година...

Македонија11 часа

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за...

Македонија11 часа

Политика, мито и корупција има зад пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски...

Свет12 часа

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...

Свет12 часа

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на „Економист“

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за царините од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени,...

Свет12 часа

Трамп: Ако пропаднат преговорите со Иран, ќе следува воена акција

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за исклучување воена интервенција против Иран, додека високи американски претставници се подготвуваат за...

Свет12 часа

Америка тврди дека го почитува суверенитетот на Панама во Панамскиот Канал

Соединетите Држави го почитуваат суверенитетот на Панама во Панамскиот канал, изјавија панамскиот министер Френк Абрего и американскиот министер Пит Хегсет...

Свет13 часа

Трамп: Кинескиот претседател е еден од најпаметните луѓе во светот, тој точно знае што треба да направи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе паузира некои од своите нови царини на 90 дена и дека дополнително...

Свет13 часа

Макрон: Франција би можела да ја признае Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз може да ја признае палестинската држава во јуни, додавајќи дека за возврат некои...

Свет21 час

Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден...

Свет1 ден

Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина. „Врз основа...

Свет1 ден

Германија го укинува забрзаното доделување државјанства, го ограничува и бројот на работници од Западен Балкан

Денес формираната владејачк црно-црвена коалиција на конзервативните демохристијани и социјалдемократите на Германија се согласила во коалицискиот договор да го откаже...

Македонија1 ден

(Видео) Кажале дека бараат часовник што го изгубил затвореник додека си играл со кучката Цеца, а барале кокаин и марихуана во топка, кривични за штипски затворски полицајци

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип...

Македонија1 ден

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија

Судот им определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин...

Македонија1 ден

ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...