Македонија
(Видео) Љутков: Веднаш да им се исплати јулската плата на работниците во културата
Културата се бори за преживување. Денес, работниците во културата сè уште се без плата, а нема ниту најава кога или како ќе им се реши прашањето. Јулската плата веднаш мора да им биде исплатена, изјави Зоран Љутков, претседател на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.
„Помпезно промовираниот колективен договор во предизборието се покажа дека бил само во функција на предизборната кампања. Уште тогаш алармиравме дека неговото потпишување по донесувањето на буџетот за 2020 година, без обезбедени финансиски средства и со негова примена со одложено дејство, денес се поврдува дека тој имаше една единствена цел – добивање изборни поени. Згора на тоа, необезбедувањето на потребните средства и по два, нагласувам два ребаланса на буџетот годинава, го потврдува фактот дека колективниот договор беше само манипулативен трик за целна група, а во случајот тоа се работниците во културата“, рече Љутков.
ВМРО-ДПМНЕ инсистира власта да не губи ни еден ден повеќе и да ги обесштети, како што рече тој, излажаните работници во културата.
„Со замирање на културата, замира и државата. Односот кон културата денес го покажува односот кон сите граѓани утре. Јулската плата веднаш мора да биде исплатена. Владата ги крши своите закони. Тоа е комплетен дилентатизам“, рече Љутков.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите легитимни форми на изразување револт сè до постигнувањето на крајната цел – разрешување на сите тековни, правно-административни и финансиски проблеми, кои, како што рече, во време на пандемија уште толку ги отежнуваат личниот и професионалниот живот на илјадници работници во културата во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

