Македонија
(Видео) Арсовски: Власта свесно дозволи „Еуростандард банка“ да пропадне
Власта свесно дозволи „Еуростандард банка“ да пропадне и создаде афера тешка 200 милиони евра, а со тоа е и свесен причинител на хаосот и неизвесноста кој им се случува на стотина илјади граѓани во Република Македонија, обвини портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Покрај Нина Ангеловска виновен е и Зоран Заев, кој за случајот ‘Еуростандард’ знаел цела година и не преземал ништо и е директно виновен за штета која им се случила на сите граѓани штедачи во банката, примателите на пензија и социјална помош од истата, но и оние кои од таму земале плата, но вклучително и врз акционерите кои што имале акции во истата банка“, рече тој.
Дополнително, додаде Арсовски, ако се додаде и фактот дека струмички фирми се дел од фирмите кои со над 50 милиони евра непокриени кредити, поради кои банката пропадна се дел од цела оваа конструкција се поставува прашањето дали некој свесно ја однел банката во пропаст?
„Струмичките компании преку кои се изнесувале парите во форма на кредити од банката се сомневаме дека се блиски директно до Зоран Заев. Тоа се истите компании кои се партнери во бизнисите на семејството Заеви“, изјави Арсовски.
Тој кажа дека со самото не преземање и носење во стечај на банката трајно е обезвредната нејзината вредност и секој потенцијален инвеститор кој би сакал да ја спаси ќе има стотина илјади корисници помалку, кои веќе направиле сметки во други банки и се исплашени да бидат во иста.
„Така единствено нешто кое останува е имотот на банката кој во овој случај, како и во сите случаи кога се продава стечајна маса може да оди и под паритет, односно да се продаде по цени далеку пониски од неговата реална вредност, и на тој начин да се оневозможи целосно покривање на клиентите на банката“, рече Арсовски.
Целиот однос на власта кон случајот, додаде тој, покажува дека не им е гајле за граѓаните, туку единствено само за својот личен и бизнис интерес, а тоа, како што рече Арсовски, го гледаме и од случајот со Нина Ангеловска, која ја искористи својата положба и си ги повлече своите 250.000 евра од банката, додека стотици илјади граѓани останаа со заглавени пари депозити и сметки.
„Доколку имавме правна држава Нина Ангеловска веќе ќе се соочеше со кривична одговорност, но тоа во Македонија не е случај, затоа што тука судството е под контрола на Зоран Заев и никој кој има конекции со власта за ништо не одговара“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

