Забава
Том Круз сподели видео додека се вози во лондонско такси
Тој помина некое време во самоизолација, релаксирајќи се во луксузниот „Сент Хил Мејнор“ во Западен Сасекс.
А пред неколку дена Том Круз сподели забавно видео додека крстари низ Лондон во такси, пред да се упати на специјалната проекција на „Тенет“.
Специјалната проекција, претпремиера на новиот филм на Кристофер Нолан, се одржа во преполна киносала на британскит институт за филм, BFI IMAX, во вторникот. Оваа киносала има најголемо киноплатно во Велика Британија, високо над 20 метри и широко 26 метри.
Холивудскиот актер (58) го почнува видеото со возење покрај Бакингамската палата каде што група фанови на велосипеди го препознаваат. Потоа застанува пред киното, каде што позира пред постерот на „Тенет“и вели: „Еве, се враќаме на филмовите во киносали!“
Круз, кој моментално е во Велика Британија за да го снима „Невозможна мисија 7“, сподели и неколку фотографии за своите 4.9 милиони следачи на Инстаграм, со коментар за „Тенет“: „Голем филм. Големо платно. Многу ми се допадна”.
Се чини дека Круз ужива во својот престој во Лондон, коментираат британските весници. Минатиот понеделник тој слета со хеликоптер на хелиодромот Батерси. А минатиот месец холивудската sвезда ги изненади голферите членови на приватен клуб кога пристина со хеликоптер на теренот за голф во Ричмонд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Селена Гомез ги поттикна гласините дека е верена, на Еми наградите се појави со дијамантски прстен
Селена Гомез пристигна на доделувањето на Еми наградите облечена во долг црн фустан на Ралф Лорен и неколку забележливи дијамантски прстени, меѓу кои и еден кој ги поттикна гласините за можна свршувачка со музичкиот продуцент Бени Бланко.
Селена и Бени беа многу блиски за време на доделувањето на наградите, а како што претходно објави TMZ, Селена започнала да следи популарен планер за свадби на TikTok.
Да потсетиме, Селена на почетокот на август ги подгреа гласините за нејзината свршувачка со момчето Бени Бланко, кога објави фотографија на која заедно позираат пред огледало, а на прстот стави емотикон со срце.
Сепак, пејачката и нејзиното момче се уште официјално не ја потврдија веста за свршувачката или за можна венчавка, но Бланко во неодамнешното гостување во шоуто „The Howard Stern Show“ потврди дека нивната врска е сериозна и дека сака да започне брак и семејство со Селена.
Забава
(Видео) Шакира се симна од сцената откако забележа дека некој ја снима под фустанот
На социјалните мрежи се прошири видео од Шакира од ноќен клуб. Пејачката била во еден клуб во Мајами кога го отсвириле нејзиниот нов сингл Soltera, кој се очекува да излезе на крајот на годината. Кога песната свирела, Шакира се качила на сцената и танцувала во краток фустан.
Луѓето во клубот веднаш ги вклучиле мобилните телефони за да ја снимат познатата пејачка. Меѓутоа, Шакира на сред танц забележала дека некој ја снима премногу ниско, односно дека камерата е вперена под нејзиниот фустан.
Шакира почнала да го спушта фустанот и набргу нерасположена се симна од сцената.
That’s just beyond gross. Shakira had every right to walk off, no one should have to deal with that kind of disrespect, especially when she’s just out there performing her music. People need to learn how to act with basic decency! 🤔
— SHAVA (@SHAVA787) September 15, 2024
Бројни обожаватели на пејачката го критикуваа човекот кој се однесувал вака.
shakira cant even enjoy and dance to her OWN song like?? 😢
— 🔞Rayne-Arts (@ArtsRayne) September 15, 2024
„Луѓето се одвратни“, „Шакира не може ниту да ужива, ниту да танцува на нејзината песна“, „Кој и да ја снимал вака, треба да биде уапсен“, „Ова е повеќе од одвратно. Шакира е апсолутно во право што си замина“, се дел од коментарите.
Забава
Црвен отпечаток од дланка на устата: што се крие зад потегот на актерот
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток на дланка преку устата, симбол на солидарност за исчезнатите и убиените домородни жени.
Актерот Д’Фараон Вун-А-Таи (22) привлече внимание на доделувањето на наградите „Еми“. Ѕвездата на Reservation Dogs, која беше номинирана во категоријата за најдобар актер, го искористи своето појавување на црвениот тепих за да испрати силна порака.
Вун-А-Таи позира во црн костум, со црвен отпечаток од дланка на устата, со што испрати порака на солидарност за исчезнатите и убиени домородни жени, односно ги „означува сите исчезнати сестри, чии гласови не се слушаат, молкот на медиумите и законот“.
На годинешната церемонија Вун-А-Таи беше номиниран за својата прва награда „Еми“ за улогата во Reservation Dogs, но наградата му припадна на Џереми Ален Вајт за неговата улога во „Мечката“.
Сепак, Вун-А-Таи влезе во историјата како првиот домороден актер што бил номиниран во која било категорија за главна улога.
Reservation Dogs ја следи приказната за домородните американски тинејџери во Оклахома, кои сакаат да се пробијат до Калифорнија. Попатно, тие се подготвени на сè за да добијат пари, па дури и да ги украдат. Серијата е достапна за гледање на платформата „Хулу“.
Вун-А-Таи изјави за списанието „Варајати“ во април дека шоуто го научило на важноста да ја раскаже сопствената приказна.
„Никој не треба да ги кажува нашите приказни во наше име. Тоа трае предолго. Имавме доволно лажни претставувања“, рече Вун-А-Таи.