Македонија
Двајца починати и 145 нови случаи на Kовид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.772 тестирања, а регистрирани се 145 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 32, Куманово – 15, Дебар – 5, Штип – 8, Прилеп – 8, Тетово – 9, Струга – 4, Велес – 2, Битола – 4, Охрид – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 12, Гевгелија – 1, Струмица – 5, Крива Паланка – 2, Кочани – 3, Пробиштип – 2, Пехчево – 5, Берово – 1, Виница – 2, Делчево – 8, Свети Николе – 4, Кичево – 6 и Неготино – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациент од: Скопје – 55, Куманово – 31, Дебар – 4, Штип – 10, Прилеп – 4, Тетово – 14, Струга – 10, Велес – 2, Битола – 5, Кавадарци – 6, Гостивар – 39, Гевгелија – 1, Струмица – 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 4, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 4, Македонски Брод – 2, Берово – 2, Виница – 3, Делчево – 3, Свети Николе – 4, Кичево – 10.
Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67 години) и Струга (48 години).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.600, бројката на оздравени пациенти е 11.741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5967, активни 757
• Куманово 1498, активни 300
• Дебар 257, активни 56
• Штип 1156, активни 114
• Прилеп 486, активни 125
• Тетово 1223, активни 114
• Струга 579, активни 57
• Велес 272, активни 29
• Битола 211, активни 36
• Охрид 345, активни 39
• Кавадарци 184, активни 52
• Гостивар 805, активни 174
• Гевгелија 53, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 70, активни 19
• Крива Паланка 50, активни 14
• Радовиш 43, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 149, активни 23
• Пробиштип 84, активни 15
• Демир Хисар 60, активни 10
• Македонски Брод 72, активни 12
• Пехчево 24, активни 18
• Берово 61, активни 50
• Валандово 9, активни 2
• Виница 76, активни 35
• Делчево 69, активни 57 (16 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 19, активни 3
• Свети Николе 294, активни 46
• Кичево 275, активни 49
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 46, активни 12 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1772 теста се преку: ИЈЗ-506, ЦЈЗ Скопје – 17, Авицена – 287, Биотек-203, МАНУ – 74, Жан Митрев (Филип Втори) – 272, Систина со PCR-метода -245, лабораторија Лаор – 59, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола-94, Инфективна клиника – 4, ГАК – 11, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 151.706 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 4 позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110 , позитивни и сомнителни на Kовид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 94
• Гази Баба – 87
• Аеродром – 94
• Карпош – 81
• Центар – 83
• Кисела Вода – 91
• Ѓорче Петров – 44
• Бутел – 53
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 26
• Сарај – 22
• Арачиново – 13
• Илинден – 12
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.