Економија
Заев на средба со претставници на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“

Премиерот, Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.
На состанокот биле споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и биле дадени предлози од Иницијативниот одбор за можни решенија.
„Премиерот Заев најави дека предлозите ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека претставниците на Иницијативниот одбор ќе добијат повратна информација. На состанокот е поздравена отвореноста на премиерот Заев и на Владата за средба, со цел разгледување на проблемот и можните решенија“, соопштија од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Пуштени во употреба првите 20 клилометри од автопатот Кичево-Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, денеска се пуштени во употреба. Овој момент, според Владата, претставува пресвртна точка и симбол на работата, посветеноста и разликата во пристапот кон големите проекти меѓу актуелната и претходната власт.
На свеченоста присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека не се работи само за пуштање на делница, туку за враќање на довербата на граѓаните.
„Само една година откако ја презедовме одговорноста за водење на државата, успеавме да го откочиме еден од најзаглавените инфраструктурни проекти. Овој автопат беше симбол на застој и срам, а денес е симбол на новото време. Секој метар е изграден со напор и волја да се стави крај на неуспесите од минатото“, изјави премиерот.
Тој најави дека веќе следната година автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно завршен и ставен во функција.
„Ова нема да биде случајна победа, туку планиран успех и резултат на секојдневна одговорна работа“, додаде Мицкоски.
Оптимизам за иднината изрази и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, кој оцени дека со оваа делница се отвораат нови можности за граѓаните и туризмот во регионот.
„Ова е автопат кој ги поврзува Кичево, Охрид и Струга со Скопје, Тетово и Гостивар, но и со Албанија. Веќе денес, овие први 20 километри се реалност и корист од нив ќе имаат сите“, нагласи Николоски.
Тој потсети дека проектот бил оставен во заборав и запустен од претходната Влада.
„Ова беше симбол на неспособноста на СДСМ и ДУИ. Немаше ниту работници, ниту инженери, ниту механизација. А денес е доказ за нашата посветеност и тоа е клучната разлика“, рече Николоски, додавајќи дека е симболично што првиот дел се отвора токму во славна Дебарца.
Изградбата на целокупниот автопат, кој е со вкупна должина од 57 километри, треба да биде завршена до крајот на 2026 година.
Економија
Тодор Анѓушев на конференција на Делегацијата на германско стопанство „Децентрализирано снабдување со електрична енергија преку фотоволтаици“

Законските одредби се донесени, и останува да се поставуваат батерии со добра проценка и пресметка за да се постигне најдобра исплатливост, порача Тодор Анѓушев, директор на ЕМС во групацијата Фероинвест, на конференцијата на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, на која германски фирми ги претставуваа своите практики, производи и искуства во енергетиката.
„Потребно е да одиме кон што повеќе обновлива енергија, но истовремено дистрибутивниот и преносниот систем треба да се стабилизираат за да може да го поднесат тоа. Треба што побрзо да се работи на поставување батериски системи и на тој начин да се реши дизбалансот што обновливите извори го прават во системот. Но, по инсталирањето многу битен ќе биде и мониторингот на батерискиот систем. Нашата компанија располага со сопствен мониторинг систем, и може да ја програмира, води и управува батеријата ден за ден за инвеститорот да добие оптимални резултати“ – изјави Тодор Анѓушев.
Германските компании на конференцијата ги презентираа своите технолошки решенија и искуства, вклучително и примената на BIPV (building integrated photovoltaics) – технологија која овозможува вградување на фотоволтаици во фасади и кровни елементи без да се наруши естетиката на објектите.
Овие практики покажуваат јасен тренд – иднината припаѓа на децентрализираното, чисто и ефикасно производство на енергија, а Северна Македонија, со усвоените закони и со компании кои веќе нудат современи решенија, има потенцијал да го следи тој пат со забрзан чекор.
Комерцијален текст
Економија
Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта.
Божиновска се запозна со текот на интензивните градежни активности што се одвиваат на површина од 80.000 метри квадратни: изградба на потпорни ѕидови и наклони, градежни работи на командната зграда, комплетирани фундаменти и започната монтажа на челични носачи и опрема во 400 kV постројка.
„Со реализацијата на овој проект, Северна Македонија гради мост кон европските пазари на електрична енергија, создава услови за стабилно и економично снабдување за граѓаните и отвора простор за приклучување на нови производители од обновливи извори – што е наш врвен приоритет, “истакна Божиновска.
Изградбата на новата 400 kV линија е стратешко зајакнување на стабилноста и сигурноста на електроенергетската мрежа на земјава. Со тоа се заокружува електроенергетското поврзување со сите соседи, што овозможува не само зголемена стабилност и доверливост, туку и активно учество на пазарите за балансни и системски услуги и размена на енергија во регионот.
При посетата, таа беше пречекана и детално информирана за напредокот на проектот од страна на проект менаџерот Дарко Докузовски.