Црна хроника
Кривична пријава против струмички дилер на кокаин
Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 37-годишниот струмичанец С.К. поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
На втори февруари годинава на струмичката улица Благој Јанков Мучето полициски службеници извршиле преглед кај Љ.Б. од Струмица и кај него пронашле кокаин, кој според неговиот исказ го купил од пријавениот 37-годишник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.