Свет
САД не планираат да ги подмират давачките кон СЗО во висина од 80 милиони долари
САД нема да платат околу 80 милиони долари долг кон Светската здравствена организација (СЗО), но ќе ги пренасочат тие пари за да ги подмират своите давачки во Обединетите нации во Њујорк, изјави денеска американски официјален претставник.
САД планираат да ја напуштат СЗО со седиште во Женева на 6 јули 2021 година, откако претседателот Доналд Трамп ја обвини организацијата на ОН дека станала марионета на Кина за време на пандемијата на коронавирусот.
СЗО ги отфрли обвинувањата на Трамп, потсетува „Ројтерс“.
„Ве упатиме на нашите претходни изјави дека жалиме за одлуката на Соединетите Држави да се повлечат“, рече портпаролката на СЗО како одговор на барањето за коментар.
„Чекаме дополнителни детали, кои внимателно ќе ги разгледаме“, додала таа.
Според заедничката резолуција на американскиот конгрес од 1948 година, Трамп мора да го извести СЗО една година однапред за повлекувањето на САД од организацијата, а Вашингтон е должен да го плати она што го должи во тековната фискална година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

