Забава
По долгиот сон, киносалите во САД се будат за клучен викенд
Десетици филмофили со маски на лицето чекаа во редица пред „Бау Тај Маџестик 6“ во центарот на Стемфорд, Конектикат, за да ја гледаат една од првите проекции на најскапиот холивудски филм „Тенет“.
Тие ги зазедоа своите места во вторникот вечерта, посматрајќи ги празните седишта меѓу себе со мало чудење, но со видлива возбуда дека се враќаат во кино за првпат по многу месеци.
Неколку љубители на филм, главно на возраст од околу 25 години, на репортерите пред киносалата им рекоа дека секој вторник оделе во кино пред затворањето во март. „Ова е тоа вистинското“, рече еден од нив. „Да го гледаш последниот спектакл на Кристофер Нолан овде или подоцна на мал екран се две сосема различни нешта.“
Уште повеќе Американци ќе се вратат назад во киносалите овој викенд, кој ќе биде многу поинаков од сите претходни во последниве шест месеци, откако пандемијата ги затвори киносалите.
По неколкунеделните проекции на дела од филмскиот каталог и помали изданија, мега-хитот „Тенет“, за чие снимање беа потрошени 200 мииони долари, е првиот главен настан што мора да се види. Овој филм е лакмус-тест за тоа колку се подготвени американските гледачи на филмови да се вратат во киносалите, коментираат американските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кои хороскопски знаци се најпривлечени – сајт за запознавање спроведе истражување
Сајт за запознавање направи истражување за тоа кој хороскопски знак е најпривлечен за другите.
Иако можеби не се согласувате со нивните резултати, оваа апликација за запознавање претстави податоци кои покажуваат дека еден знак генерира најголем интерес за романса.
Излегува дека на врвот на листата се Рибите со нивната чувствителна и шармантна природа која привлекува повеќе од кој било друг знак.
Последното место го зазедоа Раковите, кои изгледа премногу ги кријат своите емоции и чувства, но тоа за нив е веќе стара приказна.
Листата е исклучително интересна бидејќи 5-то место го делат Шкорпијата и Девицата, а 7-то Лавот, Близнаците и Бикот.
Во прилог листата на знаци според привлечноста:
1. Риба
2. Овен
3. Водолија
4. Јарец
5. Шкорпија и Девица
6. Вага
7. Близнаци, Лав и Бик
8. Стрелец
9. Рак
Забава
Партнерката на Кристијано Роналдо позираше во чизми од 2.000 евра
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави неколку нови фотографии направени во Ријад.
Таа уживаше во прошетка во природа, а чизмите кои ги носеше го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. Станува збор за модел на брендот Шанел чија цена е околу 2.000 евра. Нејзината објава досега собра повеќе од 2 милиони лајкови.
View this post on Instagram
Партнерката на Кристијано Роналдо неодамна го сподели првиот поглед на нивниот нов дом во Ријад, кој предизвика голем интерес во јавноста. На почетокот на 2023 година, парот се пресели во Саудиска Арабија, каде Роналдо ја продолжува својата фудбалска кариера.
На нејзиниот профил на Инстаграм и ТикТок, Џорџина објави видео со опис „нов дом“, и ги израдува своите следбеници кои се желни за детали за нивниот нов живот.
View this post on Instagram
На Инстаграм многумина го пофалија дизајнот, пишувајќи коментари како: „Убава“, „Убави украси“, „Мојот дом од соништата“, „Изгледа убаво“ и „Многу елегантно“.
Естрада
Се појави нова фотографија од Лиам Пејн направена неколку минути пред неговaта смрт
Два дена откако беше погребан британскиот музичар Лиам Пејн, „Дејли Мејл“ објави фотографија – последна од животот на пејачот, направена само неколку минути пред неговиот фатален пад од третиот кат на хотелот во Буенос Аирес.
Моментот снимен на безбедносните камери отвори нови прашања: дали ова е доказ дека трагедијата можела да се избегне и дали акцијата на тројцата мажи, кои го носат на фотографијата, е причината поради која Британецот се обидел да се спушти на терасата за да го избегне обезбедувањето.
Како што „Дејли Мејл“ ја толкува фотографијата, очигледно тројца вработени во хотелот го подигнале пејачот бидејќи, според очевидци, имал грчеви додека лежел на подот од фоајето. Потоа го однеле во неговата соба во лифтот.
World Exclusive: Shocking last picture of Liam Payne alive that raises a troubling question – could he have been saved? FRED KELLY’S bombshell investigation reveals what really happened https://t.co/vvPqLaxpXO pic.twitter.com/C6SvDNnToS
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 22, 2024
Се поставува прашањето зошто го преместиле ако бил во толку лоша состојба и зошто веднаш не повикале брза помош.
Временскиот печат на фотографијата покажува 16:54:48 часот, а на кобниот 16 октомври, нешто по 17 часот, Пејн паднал од висина од 13 метри од балконот на својата соба. Тој починал на лице место.
Во 17:11 часот пристигнала Брзата помош и констатирала смрт. Обдукцијата покажала дека пејачот се здобил со повеќе повреди кои предизвикале внатрешно и надворешно крварење.
World Exclusive: Shocking last pictures of Liam Payne alive raise a troubling question – could he have been saved? https://t.co/2jQBf4J5m2 pic.twitter.com/t1PUYI1m91
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 22, 2024
Токсиколошкиот извештај откри траги од алкохол, кокаин и антидепресиви.
Сега се сомнева дека поранешниот член на попларната група „Уан дајрекшн“ (One Direction) паднал од балкон во обид да го напушти хотелот незабележано – трик што често го користел во тинејџерските денови во групата и кој го повторувал на Флорида еден месец пред оваа несреќа за да го избегне обезбедувањето,
Според камерите, тој ден во 15:53 часот, пејачот влегува во хотелот со својот пријател Роџер Норес. Носи црна капа и мала чанта. Тој разговара со фановите во ходникот, а потоа оди во својата соба со Норес.
Неколку минути подоцна, двајцата се враќаат во лобито. Пејачот има лаптоп, но ги остава капата и чантата во собата. Норес се збогува со Лиам и го напушта хотелот. Пејачот изгледа добро расположен. Во 16:26 седи во фоајето и го користи својот лаптоп. Две минути подоцна оди во собата и се враќа. И тоа го повторува. Секогаш кога ќе се врати, неговото однесување е се’ понеобично.
Сведоците велат дека во еден момент тој извикал: „За*би ова, другар“, а потоа го фрлил лаптопот на подот.
Потоа има видео со трите лица кои го носат. На фотографијата јасно се гледа дека Лиам додека го враќаат назад во собата, нема ниту црна капа, ниту чанта.
Хотелот повикал брза помош неколку минути откако пејачот бил однесен во неговата соба.
Меѓутоа, кога итната помош го пронашла неговото тело, тој со себе имал капа и чанта.