Македонија
Регистрирани три смртни случаи и 92 новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на Kовид-19 во Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5 и еден во Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2 и тројца од Делчево.
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41) и пациент од Дебар (63) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35) почината вон болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.238. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 6.114, активни 754
• Куманово 1.539, активни 262
• Дебар 260, активни 28
• Штип 1.182, активни 106
• Прилеп 520, активни 152
• Тетово 1.251, активни 124
• Струга 595, активни 65
• Велес 278, активни 26
• Битола 225, активни 42
• Охрид 360, активни 45
• Кавадарци 190, активни 51
• Гостивар 822, активни 136
• Гевгелија 61, активни 36 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 82, активни 30
• Крива Паланка 60, активни 20
• Радовиш 45, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 160, активни 33
• Пробиштип 89, активни 17
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 77, активни 10
• Пехчево 38, активни 31
• Берово 68, активни 46
• Валандово 9, активни 2
• Виница 81, активни 28
• Делчево 102, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 22, активни 6
• Свети Николе 302, активни 46
• Кичево 286, активни 47
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 9 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87, а на кислородна поддршка се 53 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на Ковид-19, како и 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката за активни случаи по скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 85
• Гази Баба – 82
• Аеродром – 112
• Карпош – 82
• Центар – 76
• Кисела Вода – 80
• Ѓорче Петров – 43
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 31
• Студеничани – 24
• Сарај – 20
• Арачиново – 14
• Илинден – 12
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-14
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, обвини СДСМ.
Според партијата, тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија.
„Со оваа неспособна Влада: пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува, Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година. Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места“, велат од СДСМ.
Од таму обвинија дека ова се последици од владеењето на Мицкоски и дека се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик, а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.
Македонија
Регионална иницијатива за превенција од пожари на Западен Балкан

Во услови на зголемени ризици од пожари, започна регионална иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан. Иницијативата, поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да го поттикне интегрираното и одржливо управување со екосистемите, наместо традиционалниот пристап што се фокусира исклучиво на гаснење.
Пожарите оставија сериозни последици врз природата, економијата и животот на граѓаните, а над 90% од нив се предизвикани од човечка невнимателност — факт што укажува дека превенцијата е клучна.
Преку интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и активности на терен, иницијативата тежнее да создаде предели и заедници отпорни на пожари.
„Природата е наша заедничка одговорност. Со здружени напори можеме да постигнеме нула пожари предизвикани од човечки фактор,“ велат од Министерството.
Македонија
Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика, велат од „Мирана“

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „Биокосмос“ во Велес, информираат од компанијата „Мирана“ преку официјално соопштение.
Од ударот се оштетени дел од просториите на „Биокосмос“ и, како што посочуваат од таму, тие привремено ќе бидат надвор од употреба додека не се санира штетата.
Фабриката „Мирана“, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс, не била зафатена од пожарот и производствениот процес таму продолжува непречено.
Во пожарот нема повредени лица.
Центарот за управување со кризи претходно денес информира дека пожарот бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите на ЦУК, огнот зафатил магацински простор со фрижидери и канцеларии со документација, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.
Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.