Македонија
Шестмина починати и 37 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид – 19 во Скопје – 9, Дебар – 1, Прилеп – 5, Тетово – 3, Гостивар – 1, Гевгелија – 12 (странски државјани) и по еден во Струмица, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Кратово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од Скопје – 171, Куманово – 15, Штип – 10, Прилеп – 15, Тетово – 2, Велес – 6, Битола – 2, Кавадарци – 4, Гостивар – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 3, Пехчево – 3, Берово – 5, Виница – 1, Свети Николе – 8 и по еден во Кичево и Неготино.
Починати се 6 пациенти, од Скопје (73), Струга (79), Гостивар (55), Крива Паланка (63), Делчево (86) и од Кичево (74), сите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката за зарезени по градови е следна:
• Скопје 6.123, активни 591
• Куманово 1.540, активни 248
• Дебар 261, активни 29
• Штип 1.182, активни 96
• Прилеп 525, активни 142
• Тетово 1.254, активни 125
• Струга 595, активни 64
• Велес 278, активни 20
• Битола 225, активни 40
• Охрид 360, активни 45
• Кавадарци 190, активни 47
• Гостивар 823, активни 134
• Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 83, активни 31
• Крива Паланка 60, активни 19
• Радовиш 46, активни 7
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 160, активни 33
• Пробиштип 90, активни 15
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 77, активни 10
• Пехчево 38, активни 28
• Берово 68, активни 41
• Валандово 9, активни 2
• Виница 82, активни 28
• Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 23, активни 7
• Свети Николе 301, активни 37
• Кичево 286, активни 45
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78, а на кислородна поддршка се 56 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на Ковид-19, како и 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент, од кои на респиратори се седуммина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Бројот на активни случаи по скопските општини, врз основа на новите податоци е следен:
• Чаир – 55
• Гази Баба – 70
• Аеродром – 102
• Карпош – 65
• Центар – 58
• Кисела Вода – 70
• Ѓорче Петров – 35
• Бутел – 37
• Шуто Оризари – 24
• Студеничани – 16
• Сарај – 15
• Арачиново – 10
• Илинден – 11
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 5
• Зелениково – 2
• Странец – 6
• Нераспределен-2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објави српскиот портал Блиц и уште десетици меидуми од таа земја.
Според информациите на медиумите, непознати сторители, по кои сè уште се трага, присилно го внеле пејачот во автомобил, барајќи откуп во износ од 20.000 евра.
Пејачот бил одведен до градот Рума, каде што, според пишувањето на Блиц, при обид полицијата да го запре возилото, киднаперите удриле во заштитна ограда покрај патот, излегле од автомобилот и побегнале.
Даниел Кајмакоски во Србија е познат како победник на првата сезона од регионалното музичко натпреварување „Икс фактор“. Во 2015 година ја претставуваше Македонија на изборот за Песна на Евровизија во Виена со песната „Лисја есенски“, но не успеа да се пласира во финалето.
Засега нема официјални информации од надлежните власти за случајот.
Македонија
Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“
Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со тужба против пратеникот Бране Петрушевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ, доколку не се извинат за, како што вели, континуираните лаги, навреди и клевети изнесени на негова сметка.
„Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, портпаролите и медиумите блиски до нив не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги, клевети и навреди“, напиша Заев.
Тој најостро ги отфрли тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека има каква било поврзаност со неодамнешниот случај за конфискација на медицински канабис, за кој се тврди дека бил неправилно складиран.
„Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа.“, нагласи Заев, додавајќи дека јавно бара извинување од пратеникот Петрушевски и од ВМРО-ДПМНЕ.
Во статусот, експремиерот се осврна и на други, како што ги нарече, измислици што партијата ги повторува – дека гради облакодери во Дубаи, дека вршел притисоци околу болницата на Жан Митрев и дека се меша во правосудството.
„Сите знаат дека никогаш не сум сакал да тужам. Се борев за слобода на говор. Никому не сум му се одмаздил за она што ми го направија на 27 април во Собранието. Но сега е доста!“, порача Заев.
Тој најави дека доколку не добие извинување во законски предвидениот рок, ќе поднесе тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

