Македонија
ВМРО-ДПМНЕ oд денеска почнува со протести
ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со тематски протести. За попладнево во 18 часот најавен е протест против покачувањето на електричната енергија.
Како што истакна партискиот лидер, Христијан Мицкоски, протестот ќе почне пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика.
„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме“, рече Мицкоски во понеделникот, кога ги најави протестите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека пари има, ама тие не одат кај народот.
„Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати на старо“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

