Свет
По 35 години решен случај со убиство и силување на тинејџерка во САД
Убиството на девојче во градот Рочестер, Њујорк, кое се случи пред 35 години, конечно беше решено со помош на ДНК-тестови, пренесува Си-Ен-Ен.
14-годишната Венди Џероми била силувана и убиена додека одела кај нејзина другарка за да и’ даде картичка за Денот на благодарноста во 1984 година. Нејзиното тело го пронашол случаен минувач, покрај корпа за отпадоци.
Полицијата во средата го уапсила 56-годишникот, Тимоти Вилијамс, во неговиот дом во Флорида.
Мајката на убиената девојка со солзи и’ се заблагодари на полицијата за истрајноста во решавањето на случајот.
„Мислев дека никогаш нема да го доживеам овој ден“, рече Марлин Џероми и додаде дека жали што нејзиниот сопруг не е жив.
Полицијата објасни дека бил земен примерок од ДНК за време на обдукцијата и бил споредуван со базата на податоци на ФБИ, но не се совпаѓал. Потоа, во 2017 година, законот бил изменет и на полицијата и било дозволено да бара не само совпаѓање на примероците од ДНК, туку и споредба со други членови на семејството.
Убиецот живеел во соседството на жртвата за време на убиството, а тогаш имал 20 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американците се подготвуваат за втора граѓанска војна: 41 отсто веруваат дека таа ќе избие во следните пет години
Последното истражување на компанијата „Расмусен рипортс“ откри дека дури 41 отсто од Американците веруваат дека во следните пет години во САД ќе избие втора граѓанска војна, меѓу кои и 16 отсто кои сметаат дека таквото сценарио е многу веројатно.
49 отсто од нив не сметаат дека е веројатна нова граѓанска војна до 2029 година, вклучително и 20 отсто кои велат дека воопшто не е веројатна. Уште 10 отсто од испитаниците не се сигурни.
„Можноста дека Америка наскоро ќе се соочи со уште една граѓанска војна не е премногу веројатна за многу гласачи“, велат анкетарите во истражувањето.
Со протести на американските универзитети и повици за „социјална реконструкција на Америка“, но и со знаење дека демократските донатори ги финансираат овие протести, во САД преовладува впечатокот дека „радикалната левица“ ја уништува земјата на контролиран начин, па резултатите од анкетата не се изненадувачки, пренесува „RT Balkan“.
Европа
Бебе почина по операција на крајниците: имало интервенција пред само една недела, се истражува причината за смртта
Седуммесечно бебе од Милано било пронајдено починато во креветчето само една недела по тонзилектомија.
Италијанската полиција веднаш почна да утврдува дали операцијата на крајниците, на која бебето било подложено непосредно пред смртта, има врска со смртоносниот исход.
Родителите на 6 мај го пронашле бебето во неговото креветче и веднаш повикале помош, но веќе било доцна.
Медицинскиот персоналнал направил се, за да го реанимира бебето, дури го пренеле во најблиската болница Форнароли во Магента, но не можеле ништо да направат за да го спасат детето.
Момчето починало во истата болница каде што било оперирано пред една недела, а обдукцијата ќе ја покаже вистинската причина за неговата смрт, пренесуваат локалните медиуми.
Европа
Шефицата на германската дипломатија: Руската војна се води на сите нивоа
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, изјави дека „војната во Русија се води на сите нивоа“, вклучително и блокадата на украинскиот извоз на жито, но и сајбер-нападите, не само во Украина, туку и врз германската владејачка Социјалдемократска партија (СДП) и германските компании.
Тоа е неодговорен процес, настан за кој не можеме да молчиме, изјави Аналена Бербок при посетата на Фиџи, пренесува ДПА.
Неодамна беше објавено дека Русија извршила сајбер-напади врз СДП и германски компании од секторите на одбраната, авијацијата и информатичката технологија.