Економија
Од 7 до 14 октомври регионален онлајн-саем за вработување

„Вработување.ком“, најпосетената веб-страница за огласи за работа во Македонија, му пркоси на трендот откажани и одложени настани и го најавува најголемиот регионален онлајн-саем за вработување од 7 до 14 октомври на линкот: https://regionalensaemzavrabotuvanje.com/
На саемот ќе се претстават компании од Македонија и од целиот регион, каде што заинтересираните кандидати ќе може да аплицираат за вработување. Посетителите ќе може во реално време да разговараат со претставници од компаниите изложувачи, да се информираат за условите што ги нудат и да пронајдат работа.
Партнерите соработници од регионот: MojPosao од Хрватска, MojPosao од Босна и Херцеговина, Deloglasnik од Словенија и Poslovi Infostud од Србија располагаат со компании што ги очекуваат и апликантите од Македонија, а македонските компании веќе на големо ги резервираат своите штандови преку „Вработување.ком“.
„Во време кое нè научи на онлајн-комуникација и виртуелна и социјална дистанца, ваквиот начин на барање работа е повеќе од добредојден. Ова е единствена можност за компаниите да ги претстават своите отворени работни места на интерактивен начин, да ги покажат своите квалитети и потенцијал и да се презентираат како успешни и посакувани работодавачи – а во исто време да направат директни онлајн-интервјуа со потенцијалните кандидати“, вели менаџерот на „Вработување.ком“, Дарко Велков.
Саемот ќе трае 8 дена, 24 часа дневно, и може да го посетат сите луѓе од која било земја и која било точка на планетава каде што има интернет.
„’Вработување.ком’ ги повикува заинтересираните компании и кандидати да земат учество во овој единствен и најголем онлајн-настан за човечки ресурси во Македонија затоа што ова е шанса на едно место да се видат сите големи и сериозни компании од регионот, кои нудат слободни работни места и кои се подготвени да инвестираат во вработените со цел побрзо и поефикасно надминување на кризата и постепено враќање на пазарот на работна сила во нормала“, додава Велков.
Минатата година овој саем оствари над 300.000 посети и 27.000 апликации, а своите можности за вработување ги претставија над 80 компании.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.
Економија
Меџити: Поддршка со 227 милиони денари за 43 проекти во 33 општини

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги потпиша договорите за реализација на 43 капитални проекти во 33 општини во државата.
За овие проекти се обезбедени над 227 милиони денари директна финансиска поддршка од Министерството, со што се овозможува имплементација на конкретни решенија во областа на канализацијата, водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси.
„Убеден сум дека ова е најправилниот и најефикасен модел на соработка – директно партнерство меѓу Владата и општините, со цел да им донесеме на граѓаните конкретни придобивки“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој исто така ја потенцира важноста од навремената и квалитетна реализација повикувајќи на одговорност и посветеност од страна на сите општини.
„Немаме време за губење. Секој ден што ќе го добиеме во овој процес е еден ден повеќе во служба на граѓаните“, изјави Меџити нагласувајќи дека преку ова партнерство се поставуваат нови стандарди во справувањето со инфраструктурните и еколошките предизвици.