Македонија
Советот на амбасадорите го осуди нападот врз екипата на „Ал џезира“
Советот на амбасадорите го осудува инцидентот врз екипата на телевизијата „Ал џезира“ предизвикан пред неколку денови на еден од протестните собири против енергетската политика на Владата.
„Физичката конфронтација на дел од активистите на тој протест со новинарката Милка Смилевска, постојана дописничка на оваа телевизија од Скопје, го дефинираме како крајно непримерен гест против граѓанските права и слободи воопшто и особено против правата за слободно и професионално информирање на пошироката граѓанска јавност од страна на електронските и печатените медиуми.
Советот на амбасадорите решително стои на позициите на подршка на сите клучни уставни и законски одредби и прописи за заштита на слободата на изразување и на професионалноста во новинарската дејност. Овие вредности ги сметаме за решавачки и безусловни и во напорите на нашата земја што побргу целосно да се вклучиме во големото европско семејство, каде што реално припаѓаме, и да ги достигнеме сите највисоки стандарди на однесување, иманентни на високоразвиените демократски општества“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото
Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип.

Констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип, манипулација на сите три фази на броилото, велат од Електродистрибуција.
Од таму додаваат дека е направен записник за неовластено користење и дека е поднесена Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ, како и дека е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари.
Случајот е документиран од страна на Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Велес
Сообраќајот на патниот правец Градско – Велес, кој беше во прекин поради незгода, во 11:30 часот e пуштен во двата правци, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До крајот на неделата следува период на променливо обчачно време со повремени врнежи од дожд
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни (15-25 l/m2). Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

