Македонија
(Виде) Костадинов: Истрагата за изборното рекламирање покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето
Отворената истрага врз основа за сомневања за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека во оваа партија ништо не сменето, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Според јавно објавени информации, стотина илјади евра, пари од буџетот, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање на интернет-портали, дури и на непознати медиуми, без импресум, без редакции. Ваквото расипничко и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е истата стара криминална матрица на оваа партија. Речиси и да нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последите години која не е спорна или сомнителна“, рече тој.
За изборната кампања за Гордана Силјановска, додаде Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, ја затвори сметката со долг од 400.000 евра, спротивно на законот од член 71 од Изборниот законик.
„За оваа кампања, но и други, јавноста дозна и за сомнителните шеми преку фирми на Орце Камчев. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ, предводена од шефот на Мицкоски, Никола Груевски, оставаше долгови од над три милиони евра. Односот и кон законите, но и кон медиумите, на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски е ист и непроменет“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

