Црна хроника
Мајка пријавила дека нејзината 17-годишна ќерка е силувана

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје 47-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден Б.М. извршил обљуба врз нејзината 17-годишна ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Притвори по убиството во кривопаланечко: За да го ограбат соседот, го намамиле да излезе па го изболе со нож

Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од селото Луке, кривопаланечко, поради убиство.
„На 24 март годинава во селото Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале“, информираа од МВР.
Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор.
Црна хроника
Тротинет удри во жена во Скопје, со тешки повреди заврши на комплексот клиники

Тротинет управуван од 33-годишник (Е.Т.) удри во жена со иницијали Р.М.(73) – и двајцата од Скопје, објави МВР.
Несреќата се случила вчера на булеварот Свети Климет Охридски.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Возел „ауди“ со 114 километри на час на место на кое е дозволено 50 километри на час: уапсен 18-годишен штипјанец

Вчера во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода 18-годишниот И.П. од Штип.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.