Македонија
(Видео) Јанушев: Бараме надзорна расправа во Собранието за поскапувањето на струјата

„ВМРО-ДПМНЕ денес по третпат го подига гласот против осиромашувањето на граѓаните, кое го носи оваа власт на Заев преку поскапувањето на струјата. Македонија е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја поскапува струјата за 7,4%, со што директно удира врз стандардот на граѓаните.
Очигледно власта е глува на проблемите и барањата на народот. Исто како и владата, така се однесува и Регулаторната комисија која со денови избегнува да одговори и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните за оваа нерационална одлука“, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Регулаторната комисија е само обична маша во рацете на власта на Заев. Тоа што Заев го бара од нив тие само слепо го реализираат, а целта е јасна да се покрие недомаќинското и расипничко работење на енергетските компании со пари од џебот на граѓаните.
„Затоа ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе побара надзорна расправа во Комисија за финансирање и буџет во Собранието за поскапување на цената на електрична енергија во услови на економска криза. На оваа надзорна расправа ќе побараме да се разгледа начинот на работа на Регулаторната комисија за енергетика, но и начинот на кој се носат ваквите штетни одлуки по стандардот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потсетува дека оваа комисија не е самостоен, а уште помалку независен експертски орган, туку е само реализатор на барањата на Заев. Првиот човек на комисијата, Марко Бислимоски, е член на СДСМ, дел од партиското раководство кој е сликан на партиски настани и во партиски простории, кој сега на јавноста ѝ се покажува како независен експерт. Тоа е класична манипулација која народот скапо ја чини.
Оттука, ВМРО ДПМНЕ и на надзораната расправа ќе побара оставка на Регулаторната комисија и поништување на одлуката за поскапување на цената на струјата за 7,4%.Премногу долго Заев и власта го лажат и крадат овој народ, го осиромашија до коска, додека нивните бизниси цветаат, а личните богатства растат. Стоп за мафијата“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар