Свет
Австралиската влада ѝ помага на новинската агенција со 5 милиони долари
Владата на Австралија објави дека ќе обезбеди пет милиони австралиски долари (3,7 милиони американски долари) за новинската агенција „Австралиски Асошиетед прес“ (ААП), која се најде во финансиски тешкотии поради пандемијата на коронавирусот.
„AAP Newswire обезбедува услуги на повеќе од 250 водечки регионални медиуми во Австралија покривајќи јавни интереси за националните, државните и регионалните вести“, рече министерот за комуникации, Пол Флечер.
„Новинарството од јавен интерес е важно денес поважно од кога било 5 милиони долари ќе му овозможат на ААП да продолжи да обезбедува важни медиумски услуги за заедниците во Австралија“, додаде тој.
Притисокот врз австралискиот премиер, Скот Морисон, за поддршка на новинската агенција се засили кога претходните сопственици News Corp и Nine Entertainment објавија во март дека планираат да ја затворат.
Претседателот на ААП, Џонти Лоу, и извршната директорка, Ема Кудрој, изразија задоволство од великодушната најава на владата.
„ААП доставува содржина до стотици весници и радиостаници, претежно на регионално ниво, кои не може да праќаат новинари да известуваат за случувањата во поголемите градови на нашите терени и спортски терени“, се вели во заедничкото соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.