Македонија
Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2.
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74 години), двајца од Тетово (68 и 55 години) и еден пациент од Струга (62 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6535, активни 586
• Куманово 1673, активни 201
• Дебар 275, активни 40
• Штип 1230, активни 74
• Прилеп 602, активни 129
• Тетово 1363, активни 157
• Струга 642, активни 63
• Велес 303, активни 30
• Битола 267, активни 61
• Охрид 402, активни 47
• Кавадарци 214, активни 36
• Гостивар 893, активни 104
• Гевгелија 103, активни 61 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 162, активни 95
• Крива Паланка 93, активни 38
• Радовиш 68, активни 22
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 238, активни 84
• Пробиштип 101, активни 21
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 89, активни 10
• Пехчево 42, активни 18
• Берово 79, активни 22
• Валандово 14, активни 5
• Виница 97, активни 27
• Делчево 142, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 4
• Свети Николе 315, активни 20
• Кичево 301, активни 28
• Ресен 160, активни 13
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1397 теста се преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-296, Биотек-192, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-113, Систина со PCR метода -164, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-1, ГАК-12, Синлаб-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 160, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

