Македонија
Постигнат договор за издавање на градежната дозвола од Општина Гостивар за санација на Русино
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. При тоа, на средбата беа присуствуваа и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот Регион.
Оценувајќи дека постои недоволна и несоодветна информираност на населението за активностите за надминување на состојбите со Русино, министерот Нуредини нагласи дека целта и на населението и на општините и на МЖСПП е иста – контролирано управување со отпадот, со што ќе се заштити здравјето на луѓето и животната средина. Владата и МЖСПП се целосно подготвени за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот Регион, и тоа како резултат на сериозна и напорна работа на многу експерти, стручни лица институции на локално и национално ниво со вложени големи финансиски средства. Во самиот процес, како што информираше Нуредни, сме многу длабоко навлезени. Имено, првата фаза е речиси целосно имплементрана и нејзино завршување е предуслов за почеток на втората фаза, ставање во функција на целиот регионален систем.
Првата фаза опфаќа подготовка на целокупната документација и преземање интервентни мерки за кои се обезбедени средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања. Не се реализирани само брзите мерки, со кои всушност и ќе се надмине моменталната состаојба со дивата депонија во Русино. Брзите мерки значат набавка на контејнери за сите општини од Полошкиот Регион и санација на локацијата во Русино т.е. помош на општина Гостивар за справување со проблемот со кој се соочува на локацијата во Русино (ова опфаќа изградба на систем за третман на исцедокот, односно изведба на канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во депонија, куќарка за вработените, вага за мерење на возила и пат кој води кон нестандардната депонија со поставување ограда по должината на патот за да се спречи нелегално фрлање отпад покрај патот). Но, за жал, овој дел делот од проектот со кој ќе се санира состојбата со нестандардната депонија „Русино“ не може сè уште да се реализра поради неиздавање согласност за инфраструктурен проект од страна на Општина Гостивар за да може да се интервенира на локацијата и да се стави под контрола. Во вакви услови постои опасност да се изгубат обезбедените средства наменети за помош при управувањето со нестандардната депонија „Русино“ и со тоа не само што не го решаваме проблемот туку отвора нови проблеми за сите општини во регионот.
„При тоа е нагласена суштинската важност на усвојување на Регионален план за управување со отпад во Полошкиот Регион, кој веќе е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање и кој се очекува да биде усвоен од советите на секоја од општините во регионот, вклучувајќи ја и општина Гостивар, што е предуслов за обезбедување финансиски средства потребни за реализација на инвестициите планирани во втората фаза од проектот. Втората фаза опфаќа изградба на стандардна депонија со постројка за третман на отпадот, изградба на претоварни станици, набавка на камиони за собирање и транспорт на отпадот, набавка на контејнери за селекција на отпадот и комплетно затворање на постоечките 74 диви депонии и сметишта во регионот.
Присутните, изразувајќи подготвеност за заедничко решавање на проблемот, се согласија градоначалникот Таравари веднаш да ја потпише градежната дозвола за започнување на имплементацијата на брзите мерки за санација и подобрување на инфраструктурата во Русино и
регионалниот план за управување со отпад во Полошкиот Регион, дополнет со план за изнаоѓање нова локација во рок од пет години, кој треба да биде одобрен од сите општини во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно со дожд и снег, магла по котлините – врнежливо и во наредните денови
Времето утре облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
Македонија
Средба Сали – Кочиу: Забрзување на ONE STOP SHOP и нов импулс за институционалната соработка меѓу Македонија и Албанија
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу
За време на средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете држави, проектот ONE STOP SHOP, за кој се очекува во блиска иднина да започнат подготовките за имплементација, додека самата имплементација на системот се очекува да започне во летната сезона, како и можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и развојот на економските инвестиции.
Во овој контекст беше нагласена важноста на политичката и институционалната координација за реализација на стратешките проекти. Двете страни се согласија за интензивирање на дијалогот и секојдневната соработка меѓу надлежните институции, со цел унапредување на конкретните проекти кои го зајакнуваат партнерството меѓу двете земји и придонесуваат за стабилноста, економскиот развој и европската перспектива на регионот.
Македонија
Гаши на средбата со амбасадорката на Кина: Тајван е недделив дел од кинеската територија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Џијанг Шјаојан, амбасадорка на Кина во Македонија.
Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува искреното пријателство што постои меѓу двете држави во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. Тој потенцираше дека иако двете држави се географски оддалечени, односите меѓу нив се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и заемно почитување. Република Северна Македонија континуирано го афирмира ставот за постоење на “една Кина”, како и ставот дека Владата на НР Кина е единствената легитимна Влада на кинескиот народ, а Тајван е недделив дел од кинеската територија.
Амбасадорката Шјаојан информираше за сите активности кои се преземени од страна на Народна Република Кина за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областите како што се образованието, културата, науката, здравството, медицината и др. Таа истакна дека за Кина нашата држава претставува крстосница на повеќе цивилизација, мост меѓу Истокот и Западат и значаен партнер во регионот.
Двајцата соговорници се согласија дека во иднина има уште многу нови можности за соработка особено во областа на дигитализацијата и вештачката интелигенција особено во време која Собранието на Република Северна Македонија сериозно работи на целосно дигитализирање на сите работни процеси во парламентот.

