Свет
Шведскиот буџет за 2021 година предвидува повеќе пари за странска помош отколку за полицијата
Шведскиот буџет за 2021 година претставен деновиве покажува дека шведската влада сака да потроши повеќе за странска помош отколку за полициските сили на земјата, иако криминалот од насилните бандите и понатаму претставува проблем, пренесува „Нихетер идаг“.
Буџетот, според кој шведската влада ќе позајми 67 милијарди шведски круни (7,5 милијарди долари), предвидува 52 милијарди шведски круни за странска помош, што е околу пет отсто од вкупниот национален буџет. Додека неколку милијарди ќе одат кон миграцијата, останатите, приближно 46,8 милијарди, ќе одат директно во странство.
Во меѓувреме, шведската полиција ќе добие 30,5 милијарди шведски круни со новиот буџет. Деловната заедница ќе добие 15 милијарди, а руралните и земјоделските области треба да добијат 23 милијарди.
Новиот буџет доаѓа во момент кога Шведска се бори со растечкиот проблем на насилството поврзано со престрелки на бандите и бомбашки напади што ја мачат земјата веќе неколку години. На почетокот на месецов, заменик-началникот на националната полиција, Матс Лофвинг директно го поврза растот на криминалот на бандите со масовната миграција кога ги опишуваше структурите на криминалните мигрантски кланови.
„Овие кланови доаѓаат во Шведска единствено со цел да организираат и систематизираат криминал. Тие работат на создавање моќ, имаат голем капацитет за насилство и сакаат да заработат пари. И го прават тоа со дрога, насилни злосторства и со изнуда“, рече Лофвинг.
Шведскиот премиер Стефан Лофвен првично ги отфрли сите врски помеѓу миграцијата и криминалот, но само неколку дена подоцна направи пресврт додека беше испрашуван во шведскиот парламент.
„Со големата миграција, каде што не можеме да се справиме со интеграцијата, постои и поголем ризик од вид на проблеми што ги гледаме. Кристално е јасно“, рече тој.
Шведска годинава предвидува буџетски дефицит од околу 296 милијарди шведски круни поради трошоците за справување со ефектите од Ковид-19. Националниот долг на Шведска исто така треба да се зголеми од 35 отсто од БДП на 42 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.

