Свет
Амбасадорката на САД во ОН: Уште еден мировен договор на Израел во следните ден или два
Уште еден договор за нормализација со посредство на САД меѓу Израел и арапска земја се очекува да биде потпишан во следните ден или два, рече американската амбасадорка во ОН, Кели Крафт, во интервју за „Ал-Арабија“ во средата.
„Нашиот план е да донесеме повеќе земји, за кои ќе имаме уште многу најави наскоро … Една земја ќе потпише во наредните ден или два. Ние сме многу возбудени и знаеме дека другите ќе следат и не сакаме да изолираме никого, туку да ги донесеме сите во надеж дека ова ќе им овозможи на иранските граѓани да видат дека луѓето навистина сакаат мир на Блискиот Исток и дека тие се дел од овој мир“, рече таа.
Мароко, Оман и Судан се промовираат како следни најверојатни кандидати за склучување мировни договори со Израел по историскиот Аврамски договор на потпишан од еврејската држава и Обединетите Арапски Емирати, како и Бахреин минатата недела.
Крафт изрази надеж дека и Саудиска Арабија ќе го следи примерот.
„Очигледно, ние би сакале Саудиска Арабија да биде следна. Но, она што е важно е да се фокусираме на договорот и да не дозволиме иранскиот режим да ја искористи добрата волја на Бахреин, ОАЕ или Израел. Секогаш кога некој подава рака кон Иран, таа мора да биде упатена кон иранските граѓани“, рече таа.
ICYMI: Another Arab country will sign a peace deal with #Israel in the “next day or two,” a senior #US diplomat says.
Find out more here:https://t.co/6SlP5GTg5W
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) September 24, 2020
Претседателот Доналд Трамп пред Генералното собрание на ОН во вторникот рече дека за брзо време ќе следат повеќе мировни договори со Израел.
„Тие доаѓаат брзо и знаат дека тоа е одлично за нив и за целиот свет“, рече Трамп за време на своето обраќање на првото виртуелно Генерално собрание.
Трамп ги опиша таканаречените Аврамски спогодби, потпишани минатата недела, како значаен пробив на Блискиот Исток по децениите без напредок.
„Израел, ОАЕ и Бахреин потпишаа историски мировен договор во Белата куќа, а следат и многу други блискоисточни земји. Наскоро имаме намера да испорачаме нови мировни договори и никогаш не сум бил поголем оптимист за иднината на регионот. Во песокот нема крв. Тие денови се надевам дека завршија. Овие револуционерни мировни договори се зората на новиот Блиски Исток. Преземајќи поинаков пристап, постигнавме различни резултати – крајно посупериорни исходи “, рече тој.
Позајмувајќи од „тетратката“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп рече дека договорите претставуваат мир преку сила.
„Америка ја исполнува својата судбина како миротворец“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина го осуди притисокот од Унгарија и Словачка
Министерството за надворешни работи на Украина го осуди и отфрли, како што наведува, притисокот и ултиматумите од владите на Унгарија и Словачка поврзани со снабдувањето со енергија. Од Киев велат дека ваквите потези се провокативни и неодговорни, особено во момент кога Русија извршува масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура.
Во соопштението се наведува дека заканите од Будимпешта и Братислава ја загрозуваат енергетската безбедност на целиот регион.
„Во услови кога Москва се обидува да им ги скрати струјата, греењето и гасот на Украинците оваа реторика му помага на агресорот и истовремено им штети на енергетските компании од Унгарија и Словачка“, се вели во соопштението.
Алтернативни начини на снабдување
Украина соопшти дека е во постојан контакт со Европската комисија за последиците од руските напади и дека им доставила информации на Унгарија и Словачка за оштетувањата на нафтоводот Дружба. Работите за стабилизирање на инфраструктурата продолжуваат и покрај постојаната закана од нови ракетни удари.
Киев, исто така, понудил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.
„Украина секогаш била, е и ќе остане доверлив енергетски партнер на Европската унија и транзитна земја за енергенси“, се вели во соопштението.
Украина најави дека може да активира Механизам за рано предупредување предвиден со Договорот за асоцијација со ЕУ, поради како што велат, неоснованите закани.
Киев ги повика владите на Унгарија и Словачка на конструктивна соработка, истакнувајќи дека ултиматумите треба да се испраќаат до Кремљ, а не до Украина.
Закани од Словачка и Унгарија
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, порача дека ќе ја прекине итната испорака на електрична енергија за Украина ако Киев во рок од два дена не продолжи со испорака на руска нафта кон Словачка. Словачка, заедно со Унгарија, е една од ретките земји на ЕУ што сè уште зависи од руска нафта преку нафтоводот Дружба.
И унгарскиот премиер, Виктор Орбан, се закани дека Унгарија може да ја запре испораката на електрична енергија за Украина ако не се обнови транзитот на нафтата. „Ако тоа го запреме, може да се случат сериозни последици“, рече Орбан.
Прекин на испораката на нафта
Испораката на руска нафта преку нафтоводот Дружба е прекината од 27 јануари, откако според Украина, руски дрон нападнал опрема во западна Украина. Словачка и Унгарија во последните денови ја заострија својата реторика за продолжување на снабдувањето.
Од октомври минатата година, Русија го засилила нападите врз украинскиот енергетски систем, уништувајќи снабдување со струја и топлина. И покрај војната, Украина продолжува да дозволува користење на својот територија за извоз на руска енергија во Европа, иако таа е значително намалена.
Свет
Американски професор по право: Трамп ризикува нови тужби за најновите царини
Американскиот професор по право, Алан Б. Морисон, изјави дека би бил „шокиран“ ако не следуваат нови тужби против Доналд Трамп поради најновите глобални царини што американскиот претседател ги воведе за увоз во САД.
Морисон, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, за Sky News изјави дека Трамп „се обидува да направи многу работи што според законот не може“.
„Вчера рече дека ќе воведе давачка од 10 отсто, денес е 15 отсто, утре може да биде 25 отсто“, истакна професорот.
Претходно Трамп порача дека новата глобална царина од 15 отсто за увоз стапува на сила веднаш и дека станува збор за максималната стапка што може да ја наметне според постојното законодавство.
Морисон предупреди дека претседателот има „страшна буџетска нерамнотежа“ и дека би можел да мора да врати околу 150 милијарди долари на увозниците, што би претставувало „голем проблем за него“. Парите се од претходно воведените царини кои Врховниот суд ги прогласил за незаконски, но Трамп инсистира дека нема да бидат вратени.
Професорот објасни дека Трамп можел да воведе нови царини преку други закони кои во одредени околности тоа дозволуваат, со цел да се обиде да надомести дел од загубите од претходните царини.
Свет
Трамп ги зголемува новите царини од 10 на 15%
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе воведе глобални царини од 15%, продолжувајќи да се спротивставува на одлуката на Врховниот суд со која се укинати неговите претходни царини за увоз.
Трамп во петокот изјави дека ќе ги замени царините што ги укина судот со данок од 10% на сите стоки што влегуваат во САД.
Но, сега на „Truth Social“ тој објави дека ова ќе се зголеми на 15%.
Новите царини ќе стапат на сила во вторник, 24 февруари, и можат да останат на сила само околу пет месеци пред администрацијата да мора да побара одобрение од Конгресот.

