Свет
Сандерс: На овие избори ќе се избира меѓу демократијата и Трамп
Американскиот сенатор Берни Сандерс, поранешен кандидат за претседател од Демократската партија, денеска во Вашингтон изјави дека на претстојните избори ќе се одлучува меѓу Доналд Трамп и демократијата во земјата, при што нагласи дека демократијата мора да победи.
Како што пренесува „Ројтерс“, Сандерс смета дека Трамп е подготвен да ја поткопа американската демократија, само за да остане на власт и повика на формирање независна комисија за следење на претседателските избори закажани за 3 ноември.
Вчера, одговарајќи на новинарско прашање, Трамп одби да се обврзе на мирен трансфер на власта и рече дека очекува оти за неговата битка со демократскиот кандидат Џо Бајден ќе одлучува Врховниот суд.
Сепак, неговата администрација во Белата куќа денеска се обиде да ги смири страстите по оваа изјава соопштувајќи дека американскиот претседател ќе ги прифати изборните резултати.
„Претседателот ќе ги прифати резултатите од слободните и фер избори“, рече портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекени, на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Литванија ја отвори границата со Белорусија
Граничните премини меѓу Литванија и Белорусија се повторно отворени, соопшти прес-службата на Белорускиот државен граничен комитет.
„Сообраќајот на контролните пунктови Бенјакони и Камени Лог на белоруско-литванската граница е обновен“, се наведува во соопштението, објави Интерфакс.
Литванската страна почна да дозволува возила да минуваат низ соседните контролни пунктови Шалчининкај и Медининкај во 1 часот по полноќ по минско време.
Белоруската гранична служба претходно доби официјално известување од Литванија за отворањето на границата и изрази подготвеност да дозволи премин на луѓе и возила по целата граница.
Литванија ја задржа границата со Белорусија затворена од 29 октомври до 30 ноември по инцидентите со временските балони.
Поради ова, стотици камиони со литвански регистарски таблички останаа заглавени во Белорусија.
Потоа белоруската влада им воведе ограничувања за патување до 31 декември 2027 година.
На 10 ноември, Минск им дозволи на возачите да ја напуштат Белорусија, но нивните автомобили останаа на специјални паркинзи во близина на границата, додека Вилнус продолжува со преговорите за нивно враќање, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
УНИЦЕФ: Повеќе од 400 милиони деца ширум светот живеат во сиромаштија
Повеќе од 417 милиони деца ширум светот живеат во сиромаштија и се лишени од најмалку две основни потреби како што се исхрана и санитарни услови, покажа најновиот извештај на УНИЦЕФ.
Извештајот „Состојбата на децата во светот 2025: Крај на детската сиромаштија – наш заеднички императив“ беше објавен по повод Светскиот ден на детето и се базира на податоци од повеќе од 130 земји.
Проценката на мултидимензионалната сиромаштија вклучува шест категории: образование, здравство, домување, исхрана, санитарни услови и вода.
Фото: принтскрин
Свет
Орбан за Украина: Му помагаат на алкохоличар давајќи му повеќе вотка
Напорот на Европската комисија да собере дополнителни 135 милијарди евра за Украина ќе ги оптовари идните генерации Европејци со долгови, предупреди унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан напиша на X дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, „повторно побарала од земјите-членки дополнителни средства за финансирање на Украина и војната“.
Целната сума, тврди тој, е 65% од годишниот економски производ на Унгарија и речиси три четвртини од годишниот буџет на ЕУ. Таква „астрономска сума“, додаде тој, „едноставно не постои денес“.
„Бриселскиот „магичен трик“ повторно би бил заеднички европски заем, потег што би обезбедил дури и нашите внуци да бидат оптоварени со плаќање на трошоците од руско-украинската војна“, напиша Орбан, опишувајќи ја идејата како „категорично апсурдна“.
Фото: принтскрин

