Македонија
Гир: MВР е клучна институција во борбата со криминалот и проблемот со миграцијата
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир.
Како што информираат од Министерството, Спасовски му честитал на амбасадорот Дејвид Гир за преземањето на функцијата шеф на делегацијата на ЕУ и му се заблагодарил за поддршката во процесот на приближување на државата кон ЕУ.
Министерот потенцирал дека реформите во безбедносните служби со помош на ЕУ и САД помогнале да се формираат модерни служби, кои работат за доброто на граѓаните.
„Во наредниот период нашите активности ќе бидат насочени кон јакнење на капацитетите на полициските службеници и јакнење на меѓуграничната соработка“, уверил Спасовски.
Амбасадорот Гир ги поздравил направените реформи и ја истакнал важноста и одговорноста што ја има МВР како институција за борба против организираниот криминал.
Тој нагласил дека е важно јакнењето на натамошната соработка во областите кои претставуваат заеднички приоритети, како што се борбата со оргинизираниот криминал, компјутерскиот криминал и проблемот со миграцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз“ во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ
Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.
„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз“. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена“, рече Лимани.
Според Лиман, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.
„По парламентарните избори нод 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата ВЛЕН, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови“, рече Лимани.
Македонија
Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај
Санкционирани се 157 возачи на територијата на целата држава, при полициски контроли за време на празничниот 1 Мај.
Од нив 41 на територија на СВР Куманово, по 34 на територија на СВР Битола, објави МВР.
За време на контролата санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Македонија
Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото
Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
На прес-конференција тој тврдеше дека не може да има Влада без двојно мнозинство, повикувајќи се на Рамковниот.
„Охридскиот рамковен доведе до две мнозинства, 61 и мнозинство по Бадентер. Забораваме и размислуваме само за едното мнозинство од 61. Едното секогаш оди со Бадентеровото. Ќе треба време за да ја сфатиме логиката на Охридскиот договор. Рамковниот договор има механизми за заштита на заедниците од надгласување, не е за заштита на мнозинската заедница. Затоа бара покрај 61 и Бадентерово мнозинство. Јалови се сите обиди да се потцени второто мнозинство при било кои избори по 2001 година“, рече Османи.
Тој упати низа обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ, мѓу кои дека секојдневно рециклираат националистички тези, флертуваат со проруски интереси, отворено се закнуваат на, како што рече, славното востание од 2001, ги зголемуваат тензиите меѓу етничките и верските заедници, додека ДУИ гарантираат стабилност и соживот.
Во врска со тоа како ќе настапат во вториот круг од претседателските избори, односно дали и кој од двајцата кандидати ДУИ ќе го поддржат, одлуката ќе биде соопштена во наредните денови.