Македонија
Пахор на средба со Џафери: Патот до ЕУ не треба да го кочат неправедни условувања
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со словенечкиот претседател Борут Пахор.
Како што информираат од неговиот кабинет, Џафери изразил задоволство од одржувањето средба со државник кој доаѓа од пријателска земја и е промотор на нашите евроатлански интеграции.
Особено ја поздравил иницијативата на Пахор за Брдо-Бриони процесот и визијата за стабилизација на регионот преку регионална соработка, како чекор пред негова интеграција во Европската унија.
„Како 30. земја членка на НАТО и земја која очекува формално отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, земјата и нејзините институции се подготвени соодветно да одговорат согласно преземените договорни обврски“, заклучил Џафери.
Пахор изразил благодарност за можноста за размена на мислења и за обраќање пред пратениците во македонското Собранието, како израз на пријателство и градење сојузништва особено во тешки и непредвидливи времиња.

Тој ја поздравил државничката мудрост на претходната влада и собраниското мнозинство за надминувањето на сензитивни и тешки билатерални прашања со соседите.
„Република Словенија ќе продолжи да ве поддржува на патот кон полноправно членство во Европската унија и на тој пат не треба да постојат неправедни условувања кои ќе го кочат процесот,“ заклучил словенечкиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

