Македонија
Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени
Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 43, Куманово – 16, Штип – 4, Прилеп – 9, Тетово – 6, Струга – 2, Велес – 3, Охрид – 2, Кавадарци – 3, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 11, Радовиш – 1, Кочани – 15, Пробиштип – 1, Пехчево – 1, Валандово – 3, Виница – 2, Делчево – 3, Свети Николе – 5, Кичево – 2 и Неготино – 1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 42, Куманово – 14, Прилеп – 11, Тетово – 8, Струга – 5, Велес – 1, Битола – 3, Охрид – 6, Кавадарци – 1, Гостивар – 2, Гевгелија – 1, Струмица – 3, Радовиш – 1, Кочани – 3, Пробиштип – 1, Пехчево – 1, Берово – 1, Делчево – 2, Кратово – 1, Свети Николе – 3.
Во болнички услови починати се 9 лица, пациент од Виница (70), двајца пациенти од Струмица (по 67), еден пациент од Охрид (48), еден од Гостивар (64), двајца пациенти од Тетово (70 и 71) и двајца од Куманово (68 и 77).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.343, бројката на оздравени пациенти е 14.422, на починати е 721, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.200. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.782, активни 626
• Куманово 1.729, активни 176
• Дебар 282, активни 41
• Штип 1.243, активни 57
• Прилеп 652, активни 122
• Тетово 1.411, активни 172
• Струга 662, активни 61
• Велес 316, активни 37
• Битола 285, активни 59
• Охрид 418, активни 46
• Кавадарци 225, активни 39
• Гостивар 924, активни 110
• Гевгелија 119, активни 52 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 215, активни 136
• Крива Паланка 102, активни 27
• Радовиш 75, активни 22
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 319, активни 140
• Пробиштип 108, активни 19
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 43, активни 3
• Берово 91, активни 28
• Валандово 27, активни 18
• Виница 105, активни 27
• Делчево 157, активни 84 (34 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активени 1
• Свети Николе 327, активни 24
• Кичево 317, активни 38
• Ресен 162, активни 14
• Неготино 50, активни 3 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.504 теста се преку: ИЈЗ – 446, ЦЈЗ Скопје – 84, „Авицена“ – 320, „Биотек“ – 169, МАНУ – 92, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 120, „Систина“ со PCR-метода – 155, лабораторија „Лаор“ – 47, Судска медицина – 20, ЦЈЗ Битола – 10, Инфективна клиника – 4, ГАК – 11, „Синлаб“ – 26, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 19, а во болницата во Штип – 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 167 лица позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 64
• Гази Баба – 76
• Аеродром – 96
• Карпош – 67
• Центар – 96
• Кисела Вода – 61
• Ѓорче Петров – 42
• Бутел – 30
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 9
• Сарај – 12
• Арачиново – 6
• Илинден – 24
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 6
• Зелениково – 1
• Странец – 9
• Нераспределен – 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
РСБСП со апел за внимателно возење за Водици и продолжениот викенд
Со оглед на продолжениот викенд и претстојниот голем верски празник Богојавление – Водици, се очекува зголемување на интензитетот на сообраќајот, особено на патните правци кои водат кон туристичките места каде традиционално се одбележува празникот.
Поради зголемената фреквенција на возила, како и можните неповолни временски услови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот да постапуваат одговорно и совесно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата и заштита на човечките животи.
РСБСП потсетува на потребата од:
· почитување на сообраќајните правила и прописи,
· прилагодување на брзината на движење според состојбата на патиштата и временските услови,
· да не се управува со возило под дејство на алкохол или други психотропни супстанции,
· навремено информирање за состојбата на патиштата и временската прогноза пред и за време на патувањето,
· соодветна подготовка на возилата за патување на зимски услови и задолжително поседување на пропишана зимска опрема во возилата
· зголемена внимателност кон пешаците, велосипедистите и другите ранливи групи на учесници во сообраќајот.
Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас. Со одговорно однесување, почитување на правилата и прописите, меѓусебна толеранција, секој од нас може да придонесе за побезбедни патишта и зачувување на човечки животи.
РСБСП посакува среќни празници и безбедно учество во сообраќајот.
„Празнувај одговорно, пристигни безбедно – секој живот е важен.“
Македонија
Ѓорге Иванов се обрати на Меѓународен симпозиум во британскиот Парламент
Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, учествуваше на Меѓународниот симпозиум за културна дипломатија во организација на Институтот за културна дипломатија и Шкотскиот форум. Настанот се одржа во Парламентот на Обединетото Кралство во периодот од 12-15 јануари 2026 година.
За време на посетата, претседателот Иванов оствари средба со Нус Гани, заменик-претседател (Deputy Speaker) на Долниот дом на Обединетото Кралство.
Иванов се обрати на сесијата „Културна дипломатија во современите меѓународни односи“ (Cultural Diplomacy in Contemporary International Relations), при што се осврна на историското значење на 1776 година како година на раѓање на политичката и економската слобода преку Декларацијата за независност и делото „Богатството на народите“ на Адам Смит. Тој истакна дека слободата не е трајно освоена придобивка, туку одговорност која бара постојана грижа, институционална доверба и активна вклученост на граѓаните. Економската слобода, нагласи Иванов, мора да биде праведна и одржлива, насочена кон подобрување на животот на луѓето, а не кон продлабочување на нееднаквостите. Во таа насока, тој посочи дека моралната и културната димензија на слободата се неопходни за зачувување на човечкото достоинство, при што културната дипломатија има незаменлива улога во градењето дијалог, доверба и меѓусебно разбирање во време на глобални поделби. Според него, токму преку културата, малите и средни држави како Република Македонија можат да ја засилат својата меѓународна видливост, да ја раскажат сопствената приказна и да обезбедат почит во меѓународната заедница.
Во рамките на форумот, Иванов учествуваше и на сесијата „Финансии, отпорност и лидерство во управувањето со современите економии“ (Finance, Resilience and Leadership in Governing Modern Economies).
На настанот учествуваа бројни истакнати меѓународни претставници и членови на двата дома на парламенот на Обединетот Кралство меѓу кои: Мигел Анхел Моратинос, заменик-генерален секретар на Обединетите нации и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН (UNAOC); Баронесата Манзила Удин, членка на Домот на лордовите на Обединетото Кралство; Ирина Бокова, поранешен генерален директор на УНЕСКО; Сенаторката Шери Рехман, поранешна министерка за климатски промени на Пакистан; Нихал Саад, директор на UNAOC; Ив Летерм, поранешен премиер на Белгија; Томас Хендрик Илвес, поранешен претседател на Естонија; Алфред Гузенбауер, поранешен канцелар на Австрија; Хасан Диаб, поранешен премиер на Либан; Мохамад Штаје, поранешен премиер на Палестина; Наталија Гаврилица, поранешна премиерка на Молдавија и Младен Иваниќ, поранешен претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина.
Македонија
„Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали“, велат од Левица
„Политиката на едностраното „Стратешкото партнерство“, интерпретирано преку вазалски однос кон САД, резултираше со нов шамар за слугите на империјата, реализиран преку запирање на постапката за имигрантски визи кон Македонија“, велат од Левица.
„Илузијата создавана пред граѓаните, за уживање на некаква поддршка кај т.н „стратешки партнер“, наиде на уште еден удар со суровата реалност. Најголем успех во надворешната политика на политичарите на власт, а и Владата во целост остана фотографиите од трибини или со политичари од шести ешалон на САД, кои немаат никакво влијание на односите помеѓу двете земји.
Потсетуваме дека на оваа одлука на американската администрација и претходеше воведувањето трговски маржи и царини за Македонија, по што во немоќ и коленичење, Владата на Мицкоски донесе одлука за целосно укинување на царините кон САД.
Отстапувањето од децениските позиции на државата, проследени со гласањето против укинувањето на санкциите кон Куба, поддршката на американските резолуции за Украина и поддршка на империјалистичките апетити и интервенции, како последната во Венецуела, само го руши угледот и ги загрозува позициите на Македонија во надворешната политика, без притоа да има апсолутно никаков импакт.
Мицкоски и Муцунски не можат да научат дека вазалскиот однос кон САД не е и не може да биде „стратешко партнерство“.
Ова уште еднаш докажа дека кусогледоста на власта и дипломатскиот аматеризам ја воведоа Македонија во стратешки ќор сокак. Алтернативи за развој на државата надвор од уздите на западниот неоимперијализам постојат. Но, за тоа е потребна промена на надворешно-политичкиот курс и отворање кон перспективите што ги нуди остатокот од светот, политика за која актуелната власт очигледно нема капацитети“, соопштуваат од Левица.

