Македонија
Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“
																								
												
												
											Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој престојува во дводневна посета на земјата.
Тој денеска оствари повеќе средби со државниот врв.
На состанокот што се одржа попладнево со премиерот Зоран Заев, Пахор ги поздрави остварените договори за добрососедство и пријателство со Бугарија и преспанскиот договор со Грција.
Премиерот Заев, изразувајќи особено задоволство за посетата на високата делегација од Словенија, истакна дека средбата ги реафирмира одличните билатерални односи меѓу двете земји, нивното сојузништво во НАТО и поддршката во процесот на пристапувањето во Европската Унија.
Претходно, Пахор и македонскиот претседател, Стево Пендаровски, положија венци на гробот на Гоце Делчев. Ова се случува во време кога револуционерот е тема во односите меѓу Македонија и Бугарија. Пахор истакна дека првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ треба да се одржи што е можно побргу, а одложувањето ќе го отежни наоѓањето компромис меѓу Скопје и Софија.
„Мојата денешна посета тука во Скопје не е случајна, времето на оваа посета не е случајно. Го избрав затоа што сакам како претседател на една од 27-те држави особено да нагласам дека сега е вистинска можност да не се одложува почнувањето на меѓувладината конференција“, рече Пахор додавајќи дека сега време за солидарност меѓу членките.
На средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери, Пахор порача дека патот до ЕУ не треба да го кочат неправедни условувања.
Словенечкиот претседател утре ќе ја продолжи својата официјална посета во Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

